Сникерс торта - проверен рецепт за врвен десерт

Ова е рецепт за идеалниот десерт на сите љубители на Сникерс чоколадото, за кои сме уверени ги има во огромен број! Затворете ги очите и замислете дека пред вас се наоѓа цела Сникерс торта... Ви потекоа лиги уште веднаш, нели?



Оваа торта можете да ја направите сами! Еве како:

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 3 големи Сникерс чоколади
  • 130 гр. брашно
  • 70 гр. путер
  • 100 гр. печени, несолени кикирики
  • 80 гр. + една лажица шеќер во прав
  • 750 гр. несолен крем сирење
  • една лажица како во прав
  • половина кесичка ванилин шеќер
  • 300 мл. карамел
  • 100 гр. чоколадо
  • една лажица густин

Подготовка:

Во сад помешајте го брашното, путерот, шеќерот во прав и какаото, па измесете го тестото и оставете го да се олади во фрижидер 60 минути.

Ставете го тестото на кружно тавче обложено со хартија за печење, лесно притиснете со прстите за убаво да го распоредите и печете околу 15 минути во рерна на 180 степени.

Со миксер кремасто изматете ги 6-те жолчки со 80 грама шеќер во прав, а после 5 минути додадете го ванилиниот шеќер и густинот. Потоа посебно изматете ги белките и цврстиот снег што ќе го добиете помешајте го со крем сирењето и ситно исечканите Сникерс чоколади, а потоа соединете ги со жолчките.

Добиената смеса распоредете ја врз тестото, вратете ја тортата во рерна и печете околу 60 минути на 180 степени, а потоа оставете ја да се излади во фрижидер цела вечер.

Прелијте ја тортата со карамелот, во кој сте ги додале печените кикирики, а кога ќе се подолади прелијте го и растопеното чоколадо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби