Клучот за убав и младешки изглед на кожата не лежи само во козметичките препарати и естетската хирургија. Експертите тврдат дека тоа може да се постигне и со здрав начин на живот, пред сè со здрава исхрана.
Во согласност со ова мислење, нутриционистите составиле листа од седум намирници кои се добри за здравјето и одговорни за убава и затегната кожа. Така, за да ви биде кожата блескава, потребно е најпрво да го исчистите организмот од токсини со соодветна исхрана.
Прва помеѓу тие намирници е рибата. Имено, истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно консумираат риба, речиси никогаш не патат од кариоваскуларни болести. Рибата е богата со омега-3 масни киселини кои го стабилизираат срцевиот ритам и штитат од насобирање на холестерол во крвните садови.
Друга намирница за блескава кожа е маслиновото масло, кое изобилува со заситени масти и е е одличен сојузник во борбата против рак и срцеви заболувања.
Потоа следи црното чоколадо, чија главна состојка е какаото, кое содржи материи кои се одлични за здравјето на крвните садови. Исто така, доколку се зема во разумни количини, делува превентивно и против појава на дијабетес тип 2.
Јогуртот може да го забави стареењето бидејќи изобилува со калциум, кој го спречува заболувањето на коските, а содржи и добри бактерии кои го зајакнуваат имунолошкиот систем.
На оваа листа следат боровинките, јаткастите плодови (лешници, ореви, бадеми), како и црното вино, во мали количини, кое придонесува за намалување на ризикот од појава на дијабетес, загуба на меморијата и болести на срцето.