Лесна и вкусна Велигденска салата

Пред нас ни престојат велигденските празници, па поради тоа секој од нас полека започнува да си ја планира празничната трпеза. Ние денеска одлучивме да ви претставиме салата која одлично ќе се вклопи во вашето вкусно мени.

Потребни состојки:

  • 500 гр. изварка, урда
  • 50 гр. пржен сусам
  • 120 гр. маргарин
  • 150 гр. ореви
  • 3 лажици мајонез
  • 500 гр. сирење
  • 150 гр. шунка
  • малку магдонос и 1 чешне лук
  • 1 лажица буковска пипер

Подготовка:

Маграринот изматете го со миксер и додадете ја урдата, мајонезот и сирењето, па матете додека не добиете воедначена смеса. Смесата поделете ја на три парчиња. Во едното парче се додава буковска пипер и 50 гр. сецкани ореви па добро сетоа тоа се промешува. Во другиот дел се додава ситно исецканата шунка и магдоносот, додека во третиот дел се ставаат преостанатите ореви кои ќе ги истолчите со лукчето и додадете го и сусамот. Земете некој долг калап кој ќе го обложите со фолија и ставајте ги смесите една по друга. ставете го калапот некој час во фризидер, да се стегне. Од страна гарнирајте со варени јајца, марула и домати.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби