Претворете ги велигденските јајца во мали уметнички дела

Благодарение на неколку едноставни и практични начини за украсување, вашите велигденски јајца лесно може да се претворат во мали уметнички дела кои ќе му се допаднат на вашето семејство, а воедно и на сите оние на кои што ќе им ги подарите.

Материјалите кои што ќе ви бидат потребни за да ги реализирате следните идеи најверојатно веќе ги имате во својот дом, па единственото што ќе ви преостане е да се препуштите на фантазијата и да ги направите комбинациите кои најмногу ви се допаѓаат.

Едноставно украсување со волнен конец

Најверојатно не постои полесен начин за украсување од ова. Сè што ви треба се варени јајца кои ќе ги бојадисате во саканата боја и волнен конец по избор со кој што ќе ги врзете како што е покажано на сликата.

Украсување со фолија

За погламурозен впечаток изберете декорација со златна или сребрена фолија. На веќе бојадисано јајце убаво залепете ја фолијата со помош на белка или растворен скроб и почекајте да се исуши. Потоа неправилностите отстранете ги со гребење и ќе добиете навистина интересни јајца.

Шарени јајца со салфетки

Купете салфети со интересен принт, па потоа со ножички внимателно исечете го. Со помош на четка потопена во белка фиксирајте ја саканата шара на јајцето. Нема ништо поедноставно од ова.

Принт од свила и оцет

Изберете го саканиот свилен материјал и завиткајте ги јајцата во него. Потоа завиткајте ги уште еднаш, но во еднобојна ткаенина како што е прикажано на видеото и ставете ги во сад со вода во кој претходно сте ставиле и малку оцет. Варете не повеќе од 20-минути. На крајот добивате шара која е идентична со принтот од свилениот материјал.

Украсување со тантела

Слично како украсувањето со свила, но овој пат јајцата ги обвиткувате во тантела и ги оставате во садот за бојадисување. Откако ќе ја добиете саканата боја, ја отстранувате тантелата и ја добивате саканата шара.

Шара од ливчиња

Ова е еден од најпознатите начини за шарање на јајцата. Се што ви треба се најразлични ливчиња од растенија и пар хулахопи. Најпрвин на површината го лепите листот, потоа јајцето го виткате цврсто во чорапите и на крајот го варите во бојата.

Супер идеја за велигденска кошничка

Наместо да купувате кошнички многу едноставно можете да си ги направите. Надувајте балон во саканата големина и форма, па потоа на него започнете да замотувате волнен конец претходно натопен во растопен скроб. Откако ќе ја добиете саканата плетка, оставете добро да се исуши. На крајот пукнете го балонот и ќе ја добиете својата кошничка која понатаму можете да ја украсите по желба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби