Велигденска трпеза: Крцкаво јагнешко и млад компир

Било како печење во парчиња, варено или пак како суперсочен месен ролат, јагнешкото е синоним за традиционален велигденски ручек. Ви претставуваме вкусен рецепт за прекрасен велигденски ручек.

Потребни состојки:

  • околу 2 килограми јагнешки бут
  • 1 килограм млади компири
  • 1 килограм домати
  • 2 до 3 лажици маслиново масло
  • една ипол чаша бело вино
  • 1 чаша вода
  • вегета, нане, сол, бибер, рузмарин

Подготовка:

Најпрвин измијте го месото и засечете го на неколку места. Посолете со вегета, нане, сол, бибер и во местата кои ги засековте ставете го лукот и гранчињата рузмарин. Прелијте го месото со маслиново масло, белото вино и водата. Оставете го да отстои неколку часа во тавата во која ќе го печете месото со цел тоа убаво да ги впие сите состојки.

Пред да го ставите во загреаната рерна прелијте го месото со течноста од тавата во која стоеше неколку часа, покријте го со фолија и печете го околу час и половина. Полека отворете ја фолијата, завртете го месото и додадете ги исечените млади компири. Садот повторно прекријте го со фолијата и печете уште 45-на минути. Пред крајот извадете ја фолијата за месото да се зарумени и оставете да се излади. Исечете ги доматите на парчиња и измешајте ги во тавчето.

Пријатен апетит



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби