Пет супернамирници од кои бегаат килограмите

Вечниот проблем со кој се соочуваме при нередовна и нездрава исхрана, како и недостаток на движење, е дебелеењето, кое покрај непосакуваниот изглед, повлекува и низа здравствени потешкотии.

Во борбата со килограмите, кои постојано се наталожуваат, помага токму храната. Имено, постојат намирници кои можете да ги јадете без страв, а со нивната помош ќе ја доведете вашата исхрана во ред и линијата сè поблиску до посакуваната.

Кељ

Неговите зелени листови содржат дури 45 видови различни флавоноиди – здрави антиоксиданси кои го прочистуваат организмот од штетните материи. Покрај тоа, кељот изобилува со железо и калциум, витамин Ц и омега 3 масни киселини. Кељот содржи многу малку калории, а можете да го консумирате и во енергетски напитоци.

Цимет

Овој едноставен и потценет зачин има толкава сила што го разградува шеќерот. Консумирањето на половина до две лажички цимет секој ден може да го намали нивото на шеќер во крвта и холестерол за дури 10 до 20 проценти. Овој зачин не мора да биде резервиран само за слатки, туку можете да го попрскате врз житарките, да го додадете во салатата, во главниот оброк или, пак, како додаток во здравите напитоци.

Пармезан



Пикантниот вкус на овој најчест додаток на јадењата со тестенини заслужува поголемо внимание во исхраната. Имено, пармезанот ги содржи сите најдобри состојки од млекото. Меѓу нив, најважни се протеините, кои ги олеснуваат апсорпцијата и варењето на сите хранливи состојки бидејќи се претвораат во пептиди и слободни аминокиселини.

Црвени пиперчиња

Популарните лути пиперчиња во себе содржат капсаицин, состојка која го поттикнува согорувањето на мастите и го стимулира нервниот систем на произведување на топлина која во организмот го зголемува согорувањето на калориите. Покрај тоа, пиперчињата изобилуваат со витамин Ц, како и со растителни влакна кои го продолжуваат чувството на ситост.

Овес



Овесот е најпопуларен меѓу житарките од цело зрно, а изобилува со растителни влакна кои го задржуваат чувството на ситост во телото. Консумацијата на овес ги намалува мастите во телото, како и холестеролот, а го спречува и зголемувањето на нивото на шеќер во крвта. Овесот можете да го консумирате за појадок или, пак, како додаток во здравите напитоци кои ги подготвувате во блендерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби