Забрзајте го метаболизмот

Веројатно ја знаете формулата: за да ослабете, јадете помалку, а вежбајте повеќе. Сепак, понекогаш колку и да се трудите, вашиот метаболизам не е толку многу брз и потребна му е дополнителна стимулација.



Неколку промени во начинот на живот, може да ве доведат до посакуваната цел.

Внесувајте повеќе од 1.200 калории дневно

Можеби ви звучи контрапродуктивно, но внесувањето помалку од 1.200 калории дневно всушност го забавува слабеењето. Кога јадете многу помалку отколку што му е потребно на телото, тоа може да влезе во фаза на изгладнување и да почне да ги намалува мастите. За една жена со висина од 155см, која е умерено активна, потребни и се од 1.400 до 1.700 калории дневно, кои треба да потекнуваат од разни продукти, јаглехидрати богати со влакна (чисти интегрални житарки, зеленчук и овошје), немасно месо (риба, пилешко и јунешко), како и здрави масти (јаткасти плодови, семки, масло од авокадо и маслинки).

Дигајте тегови



Вашето тело ги одржува мускулите преку синтезиски протеини, интензивен процес кој согорува многу енергија. Истражувачите веруваат дека мускулестите луѓе согоруваат од 20 до 40 калории по килограм на еден мускул дневно, за разлика од 2 до 4 калории на еден килограм сало. Ако држите диета, а немате некој заморен тренинг, голема е веројатноста дека 25% од губење килограми би значело и губење на мускулната маса. Со цел метаболизмот да не го забави својот процес, вежбајте два до три пати неделно и тоа практикувајте повеќе вежби за мускули.

Движете се

Ако цел ден се движете, ќе имате брз метаболизам. Што помалку седите, побрзо ќе слабеете. Дневната активност можете да ја зајакнете така што ќе користете скали место лифт, ќе пешачите до работа и ќе прошетате за време на паузата за ручек.

Јадете алги

Одамна е познато дека зелениот чај делува како „согорувач на масти“, а сличен ефект имаат и алгите. Фукоксантин, една од состојките на алгите која им дава зеленкаста боја, покажала добри резултати во регулирањето на тежината.

Додадете оцет во салатата

Оцетната киселина може да влијае врз гените кои го стимулираат согорувањето на мастите. Всушност, една студија од 2009 година, покажала дека личностите кои редовно консумираат оцет имаат помала телесна тежина, помал процент на телесни масти и пониско ниво на триглицериди, од оние кои не користат оцет. Затоа зачинете ја вашата салата со оцет и уживајте во киселкастиот вкус.

Јадете риба



Омега 3-масните киселини, полинезаситени масти, се дел од рибното масло, кои може да направат чуда на вашиот метаболизам. Рибното масло го поттикнува согорувањето на мастите со зголемена ефикасност на хормонот на тироидната жлезда. Трудете се да консумирате риба барем три пати неделно, а ако тоа не е лесно изводливо за вас, тогаш купете квалитетни суплементи на рибно масло.

Менувајте го бројот на внесени калории

Ако постојано внесувате ист број на калории, вашето тело може да „заспие“ и да го забави метаболизмот. Потрудете се неколку недели да се храните со што помалку масти, а по неколку недели збогатете ја исхраната со протеини, па потоа со масти и јаглехидрати. Кога ќе се вратите на помал број на калории, слабеењето ќе продолжи.

Внесувајте повеќе млечни производи

Никотинамид рибозид во млекото и другите млечни производи го согоруваат вишокот на масти. Благодарение на овие состојки, митохондриите во клетките може полесно да ги претворат маснотиите во енергија. При испитувањето врз животните, суплементите од оваа состојка покажале дека влијаеле врз слабеењето, дури и кај оние кои се хранеле со масна храна.

Јадете лубеница



Аргнин, аминокиселина во омиленото летно овошје не само што ги согорува мастите, туку и го спречува нивното таложење. Освен тоа, оваа состојка е задолжена за контрола на нивото на шеќерот во крвта и предизвикува раст на мускулите.

Избирајте органска храна

Научниците ги обвинуваат хемиските конзерванси во храната за епидемијата од дебелеење. Се уште не е познато како тие влијаат врз организмот, но додека не дојде до откритието потрудете се што почесто да јадете органска храна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби