Сладолед со карамелизирани ореви

Сладоледот е несомнено најпопуларниот десерт кој со задоволство знаеме да си го дозволиме во овие летни денови. Овој пат ви претставуваме рецепт за сладолед со карамелизирани ореви кои можете да го направите сами и тоа на многу едноставен начин.

Потребни состојки:

  • 60 гр ореви
  • 60 гр шеќер
  • 250 мл млеко
  • 250 мл слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 жолчки
  • малку ликер од ореви

Подготовка:

На послаб оган карамелизирајте 50 грама шеќер, па кога иститот ќе се растопи, додајте ги оревите, помешајте и тргнете ги од оган. Кога ќе се изладат сомелете ги во мултипрактик миксер.

Изматете ги жолчките пенасто, со остатокот од шеќерот. Загрејте го млекото со слатката павлака и ликерот од ореви, па додадете го ванилиниот шеќер. Кога млекото со павлаката ќе зоврие, полека прелијте го во садот со жолчките, цело време мешајќи. Потоа варете на пареа додека не се згусне, додадете ги мелените карамелизирани ореви и оставете ја смесата да се олади. Кога ќе постигне умерена температура, додадете ја во пластичен сад и ставете ја во замрзнувачот.

Мешајте ја смесата на секои 30 минути додека не се замрзне, а потоа уживајте во неодоливиот вкус на овој леден десерт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби