9 начини на кои се јадат компирчињата низ светот

Иако се едни од најпрепознатливите видови храна на планетата, начините на кои пржените компирчиња се приготвуваат во земјите од светот ги трансформираат и ги прават уникатни.

КАНАДА

Навидум неоспоива комбинација, компирчињата сервирани со младо сирење и сос од печено месо, се обожувани од Канаѓаните.

БЕЛГИЈА

Невозможно е да не се спомне Белгија кога се зборува за компирчиња, бидејќи тоа е државата каде што се измислени. Тие премногу ги сакаат, па дури може да се каже дека школки и компирчиња се нивно национално јадење. Се продаваат насекаде, во продавници, на специјални тезги, во хартиени конуси, прелиени со мајонез.

 

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Иако Англиската кујна сега е многу различна и вклучува оброци од целиот свет, секогаш ќе се навраќаме на добро познатиот вкус на риба и компирчиња. Крцкави однадвор, но меки одвнатре, компирчињата се сервираат со големо парче бакалар, завиткани во хартија.

АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД

Еден од омилените начини на кои тука се приготвуваат пржените компирчиња е со Солено Пилешко- едноставен зачин ( сол) со арома на пилешко.

РОМАНИЈА

Мујдеи не е специјално направен за да се јаде со пржени компирчиња, но Романците обожуваат да ги макаат во него. Мујдеи е зачинета смеса од дробен лук, масло, сол и оцет.

ЈАПОНИЈА

Иако Јапонците можеби ја имаат вклучено и храната од Западот, сепак имаат и локален начин на приготвување на брзата храна. Ако купите помфрит во Јапонија ќе имате голем избор на иситнети зачини од кои може да изберете за да ги посипете компирчињата. Изборот е од босилек, скара, италијански зачини, па се до пилешка супа и алги.

БУГАРИЈА

Во Бугарија еден од најпопуларните начини на кои се јадат пржените компирчиња е со солено сирење, или некое слично на фета, попрскано со зачини.

ХОЛАНДИЈА

Пасијата кон компирчињата на Холанѓаните е исто толку голема колку и онаа на нивните соседи, Белгијците, па и тие ги приготвуваат на многу начини. Причината поради која тие се на оваа листа е joppiesaus. Тоа е вид на сос во кој има мајонез, лук и кари.

САД

Во САД постојат можеби најмногу начини на кои се јаде помфритот. Па така, ќе сретнете компирчиња со сок од печено месо, со чили, сирење, чили и сирење, со бифтек...

Пржените компирчиња се универзална храна и постојат разновидни начини на кои тие се приготвуваат и сервираат. А која е вашиот омилен вкус и комбинација?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби