Дали муслите се навистина здрав појадок?

Постојано слушаме дека муслите се одлична храна за нашето тело и преставуваат идеален појадок за започнување на денот. Сепак, дали е навистина така?

На пазарот постојат повеќе видови мусли, па кога избираме некои од нив често се соочуваме со дилемата околу тоа која е најдобрата опција. Затоа во продолжение ви откриваме нешто повеќе за муслите и како самите да ја направите вистинската комбинација за здрав појадок.

Кои се предностите на јадењето муслите?

  • Вообичаено имаат помалку шеќер и калории од житариците
  • Богати се со растителни влакна и зрна кои ја регулираат работата на дигестивниот систем и помагаат при одржување на тежината
  • Претставуваат извор на антиоксиданси
  • Доколку содржат јаткасти плодови претставуваат и извор на протеини и омега 3 масни киселини.

Зошто муслите понекогаш се нездрава опција?

Многумина не знаат дека нивниот „здрав“ појадок понекогаш може да содржи дополнителни шеќери, калории и маснотии. Во суштина се зависи од тоа каков тип на мусли сте купиле. Доколку ја сакате најздравата варијанта, тогаш треба да внимавате на неколку нешта:

  • муслите не треба да бидат печени
  • внимавајте на количината која ја консумирате
  • барајте производ со низок гликемичен индекс
  • насочете се кон мусли кои содржат помалку од 20 грама јаглехидрати по порција
  • избегувајте комбинации кои содржат многу сушено овошје (дополнителни шеќери)

Нутриционистите советуваат дека доколку ја сакате најздравата опција на мусли, тогаш е најдобро самите да си ја направите, наместо да купувате веќе направени комбинации од најблискиот супермаркет.

Ќе ви бидат потребни:

  • 1 шолја овесни снегулки
  • ½ шолја исечкани непечени бадеми
  • 1/3 шолја семки од сончоглед
  • 1/3 шолја семки од тиква
  • 1/3 шолја чиа семе
  • 4 лажици ленено семе
  • 2 мали лажички цимет
  • ½ шолја кокос (по избор)

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ставете ги во тегла со добар капак. Можете да ги консумирате со млеко или јогурт и по желба да додадете малку свежо овошје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби