Трикови за поздрави оброци

Честопати готвиме според она на кое сме навикнати или според некои рецепти напишани на лист хартија. Но, подобро е да малку да заборавиме на хартијата со цел да го направиме нашиот оброк поздрав. Ви нудиме неколку трикови преку кои ќе направите ем вкусен ем здрав оброк.

Овес на место лебни трошки



За да добиете убава текстура за презла, сомелете го овесот се додека не стане зрнест. Користете го за сето она за кое порано сте користеле лебни трошки.

Цитрон во замена за сол



Ако наместо сол исцедите цитрон во јадењето, оброкот ќе биде повкусен, а нема да има ни грам натриум. Нека ви стане навика да исечкате мали парчиња лимон или цитрон и да ги сервирате кога јадете пилешко, риба, ориз и зеленчук.

Пире од авокадо наместо од путер



Изгмечете го авокадото и од него направете пире, кое ќе биде добар прилог во јадењето или пак во сендвичите.

Житно брашно - а не бело брашно



Житното брашно е неспоредливо со белото брашно, а вкусот е многу поразличен. Користете брашно од цели зрна на пченица за повкусни слатки.

Совети за храна во ресторани

Оброците во рестораните често содржат многу поголема количина на калории за еден ден. Следен пат кога ќе јадете во ресторан, мислете на своето срце и направете го следното:

Место леб нарачајте брускети



Избегнувајте го лебот по рестораните. Место него порачајте си брускети, бидејќи се помали и можете да внимавате колку ќе изедите.

Повеќе зеленчук – помалку главно јадење



Порциите во рестораните содржат многу малку зеленчук, па секогаш нагласувајте зеленчукот да доминира во вашата чинија. Верувајте дека тоа е еден од подобрите избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби