Грешки при избор и употреба на маслиновото масло

На секој од нас му се познати благодетите на екстра девственото маслиново масло, кое содржи антиоксиданси и масти кои се добри за нашето срце. Бидејќи ова е една од најчестите состојки на секоја трпеза, дознајте какви грешки обично правиме при неговиот избор и користење.



Купувате масло во пластично шише

Двата најголеми непријатели на маслиновото масло се пластичната амбалажа, како и проѕирната стаклена. Штом воздух и светлина дојдат во контакт со маслото, тоа почнува да се расипува. Затоа произведувачите најчесто го пакуваат маслиновото масло во темно зелени и темно кафеави шишиња.

Го чувате во близина на извор на топлина

Без разлика дали доаѓа од рерната или од прозорот, топлината дефинитивно не е добра за маслиновото масло. Кога се изложени на топлина, полифенолите почнуваат да се разложуваат и на тој начин се губи вкусот на ова масло. Најсигурно е истото да го чувате во плакарот од кујната, каде што е темно и постудено.

Мислите дека бојата е показател за квалитетот

Луѓето обично мислат дека бојата е индикатор за квалитетот, но таа само покажува кога се набрани маслинките и кога е маслото процедено. Бојата на маслиновото масло варира од светло жолта до темно зелена, затоа нека не ве обесхрабрува неговиот изглед.



Мислите дека еден вид на масло одговара за сите намени

Кога во продавниците гледате неколку полици полни со разновидни маслинови масла, дали секогаш се фаќате за најефтиното шише или го избирате она кое чини повеќе? Воглавно, луѓето бираат средна варијанта, онаа која би требало да одговара и за готвење и за салати.

Но, експертите советуваат дека покрај неа, во вашата кујна би требало да имате поскапа варијанта која ќе им даде совршен вкус на пастата и салатите.

Готвите на превисока температура

Готвењето на премногу висока температура може да ги уништи антиоксидансите во маслиновото масло и да му го промени вкусот. Затоа немојте да готвите со маслиново масло на температура повисока од 180 степени. За пржење користете други видови на масло.

Готвите со послабо маслиново масло

Деликатните маслинови масла, со послаб вкус, не би требало да бидат изложени на топлина, за да би можеле ги задржат аромата и вкусот. Наместо тоа, истите користете ги за финиширање врз пастите, брускетите и салатите.



Предолго го чувате отворено

Дали имате навика да купувате масло во огромни пакувања кои ги чувате со години? Немојте тоа да го правите бидејќи маслиновото масло, после отворањето, треба да се искористи во рок од две години. Маслиновото масло кое предолго стои отворено почнува да ги губи здравите состојки, како и вкусот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби