Што консумираат слабите луѓе секој ден?

Со оглед на тоа што летото е во полн ек, многумина од нас се на диета веќе некое време, стремејќи се на плажа да изгледаат колку што може послабо и попривлечно. Но, губењето на килограмите не се одвива секогаш онака како што очекуваме.

Затоа, ви претставуваме листа на намирници кои ќе ви помогнат да ослабете, а истите редовно се наоѓаат на менито на луѓето на чија линија им завидуваме.

Вода



Со повремено пиење на вода во текот на целиот ден ќе успеете да го залажете организмот и да ја замените потребата за храна со потреба за вода. Доколку ја пиете ладна истата ќе ви го забрза метаболизмот. Можете да направите и природна ароматизирана вода со едноставно додавање на сезонско овошје или лековити билки. Вкусот што ќе го добиете е фантастичен!

Чоколадо



Да, вистина е дека темното чоколадо со повеќе од 75 % какао ќе ви помогне да ослабете, на тој начин што ќе ви ја задоволи потребата за благо. Но, ова не значи дека ви е дозволено да јадете темно чоколадо кога и да ви падне на ум! Неговата препорачана дневна доза е 30 грама.

Малини



Малините се одлични бидејќи ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити. Една шолја малини содржи 8 грама растителни влакна, а во нивниот состав предводи водата со дури 85 проценти, заради што не мора да се плашите од нивната консумација.

Јајца



Доколку за појадок најчесто внесувате јаглени хидрати, обидете се да ги замените со протеини. Јајцата го зголемуваат чувството на ситост, што пак го намалува вкупниот енергетски внес. Жените кои внесуваат поголема количина на протеини за време на појадокот се чувствуваат задоволни и сити, заради што имаат помали шанси подоцна во текот на денот да посегнат по нездрава ужина. Во просек, високо-протеинскиот појадок може да ве поштеди од внесување на дополнителни 200 калории во вечерните часови.

Спанаќ



Секојдневно внесувајте зеленчук со зелена боја бидејќи истиот е сиромашен со калории. Особено добар вид е спанаќот, бидејќи неговата содржина на железо помага во одржување на нивото на енергија во организмот, што ви овозможува да донесете подобри прехранбени избори. Исто така, железото е неопходно за кислородот да се транспортира до клетките кои го користат за создавање на енергија и топење на мастите. За да може организмот што подобро да го апсорбира овој минерал, комбинирајте го со витаминот Ц, во природна форма, на пример со лимон.

Кисели краставички



Одлични се бидејќи ја задоволуваат потребата за солено, а содржат толку малку калории што при нивното варење ќе потрошите повеќе отколку што ќе внесете.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби