3 брзи напитоци за екстра освежување

Наместо да се разладувате под клима уредот и да пиете купечки напитоци, телото ќе ви биде благодарно доколку го почастите со домашен и здрав освежителен напиток. Ви претставуваме рецепти за 3 напитоци кои не само што го разладуваат телото, туку и ја регулираат телесната температура и ги чистат насобраните токсини од организмот.



Напиток од јогурт и вода

Комбинацијата на вода и јогурт е позната под името „lassi“ и претставува традиционален пијалак во Индија. Благодарение на пробиотиците кои ги содржи, особено е корисен за дигестивниот систем, а со додавање на неколку сочни парчиња овошје, ќе му го пружи на телото потребното освежување.

Состојки:

  • 2 дл јогурт
  • 2 дл вода
  • 1 лажица мед или јаворов сируп
  • половина шолја исечкана диња
  • половина шолја боровинки или рибизли

Ставете ги во блендер сите состојки и мешајте додека смесата не стане хомогена. Напитокот ставете го во ладилник и уживајте во неговиот освежителен ефект.

Вода со краставици и нане

Водечкиот борец против горештините меѓу зеленчукот е краставицата, која изобилува со вода и покрај тоа што разладува, ефикасно го чисти телото и ги остранува токсините. Ливчињата нане, пак, ја ароматизираат водата и испуштаат својства за разладување.

Состојки:

  • 1 литар ладна вода
  • 1 свежа краставица
  • неколку свежи ливчиња нане

Краставицата исечкајте ја на кругчиња и доадете ја во водата заедно со исечканите ливчиња нане и чувајте го напитокот во фрижидер за да биде ладен при послужување.

Напиток од ѓумбир

Иако ѓумбирот најчесто го гледаме како зачин кој има пикантен и лут вкус, доколку го вклучите во пијалак, тој ќе ви помогне во регулирање на телесната температура.

Состојки:

  • 1 литар минерална вода
  • Свежо исцеден сок од лимон или лимета
  • 30 гр свеж изрендан ѓумбир
  • 1/3 шолја исечкани ливчиња нане
  • 1 лажица мед

Ставете ги во блендер сите состојки и миксајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа ставете го пијалакот во фрижидер. На здравје!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби