Интересни факти за кафето

Кафето е втор продукт во светот по продажба и фасцинантен природен ресурс кој има големо културно влијание. Постојат неколку интересни факти за кафето кои веројатно не сте ги слушнале до сега и се надеваме дека од сега ќе му приоѓате на кафето со многу поголема љубов и внимание.

Кафето е причина за насилството во Кенија



Епидемијата на кражбите и насилствата ја уништи индустријата на кафе во Кенија, земја во која килограм кафе вреди третина од платата. Формирани се посебни полициски сили за решавање на проблемите, но нападите на вооружените банди станаа секојдневна појава. Одгледувачите на кафе се принудени да спијат во своите полиња за да се одбранат од крадците. Криминалците кои се фаќани на лице место – се линчувани на улица.

Габична инфекција ја уништува Централна Америка

Coffe Rust е габа која ги напаѓа листовите на кафето. Името го добила од препознатливите портокалови траги. Оваа габа ги уништува културите од 19 век, а освен што убива билки, закана е за егзистенцијата на земјоделците ширум светот. Кафето Arabica е главна жртва на оваа габа, а земјата со најголемо производство моментално се бори со епидемија. Во февруари минатата година, во Гватемала е прогласена состојба на елементарна непогода, а државата овозможила 14 милиони долари за пестициди. Околу 17% од нивните национални производи се зафатени со оваа болест.

Кафето содржи кофеин кој ги привлекува пчелите

Кафето содржи кофеин, кој е отровен за полжавите и другите штетници, но има позитивно влијание врз опрашувањето на пчелите. Имено, научниците откриле дека консумирањето на кофеин им помага на пчелите да ја подобрат својата долгорочна меморија. Кофеинот делува на хемијата на мозокот на пчелите на начин подобро да ги памтат цвеќињата, па поверојатно е дека ќе се вратат на цвеќиња од ист вид.

Етиопска церемонија на пиење кафе



Етиопската свеченост на правење и пиење кафе или Bunna, е клучен дел во социјалниот живот на Етиопите. Процесот на подготовка може да трае со часови. Започнува со миење на зрната кафе, а завршува со свечено сервирање на кафе во чаша. Ова го прават жените, а девојките од мали нозе се учат како се изведува овој ритуал, кој се практикува барем еднаш дневно.

Предозираност и зависност од кафе

Кофеинот како и секој лек е отровен во одредени дози. Смртоносната доза на кофеин е 100 шолји кафе. Ако телото не е навикнато, ќе ви требаат многу помалку кафе. На пример, 17-годишна девојка во Англија била хоспитализирана откако испила седум дупли еспреса. Одеднаш го сменила расположението, имала зголемена температура и неконтролирано срцебиење. Како зависност од кофеинот се смета потребата за шест или седум шолји кафе дневно.

Уметнички цртежи и натпревари



Луѓето се натпреваруваат во сè, па дури и во кафе и тоа на Светското првенство за дегустатори. На ова првенство дегустаторите со својот мирис и вкус препознаваат што повеќе различни кафиња од цел свет во што пократок рок. Latte art, од друга страна, се прави со жешко млеко и еспресо, при што се создаваат мали уметнички цртежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби