Научете ги триковите на угостителите со кои ве мамат

Дали некогаш сте имале незгодна сцена во ресторан поради неочекувано голема сметка, а сигурни бевте дека нема да трошите многу? Никако не ви е јасно како можело тоа да се случи. Токму поради тоа, ви ги откриваме триковите со кои се служат речиси сите угостители во рестораните, на кои ве тераат несвесно да потрошите многу повеќе од планираното.

Мени



Колку трошиме на јадењето зависи од начинот на кој е презентирано менито. Од изборот на јадења, па до стилот на кои се опишани – сè е дизајнирано со цел да ги привлечат вашите сетила.

Иако можеби мислите дека читате мени од лево кон десно, истражувањата покажуваат дека нашето око првично гравитира кон горниот десен агол, каде што се наоѓаат најпрофитабилните јадења.

- Ако имате претерано високи цени, веројатно ќе ги натерате гостите да обрнат внимание на ресторанот и да потрошат повеќе. Луѓето за одредена храна се запрашуваат кој ја нарачува, а таа е таму само за да ја направат скапата храна да изгледа поевтино, изјавил Чарлс Спенс, експериментален психолог од Оксфорд.



А каде се наоѓа најевтината храна? На долната лева страна на менито – последното место кое ќе го погледнете. Дури и начинот на кој јадењата се опишани влијаат врз вашата потрошувачка. Многу ќе го нарачаат второто најевтино вино од менито, а келнерите ќе ви кажат дека токму тоа вино го немаат бидејќи е најпосакувано, па ни вие нема да сакате да го пиете најевтиното и ќе го порачате поскапото.

Гостите кои имаат одреден буџет, обично нарачуваат едно од трите најевтини јадења, па во менито се изложени на начин на кој цените и составот немаат споредба.

Послуга



Кога е во прашање манипулирање со гостите, малку келнери се невини. Добар келнер знае како да извлече повеќе пари од гостите отколку што тие планирале.

- Стратегијата на вербално фалење на специјалитет, без нагласување на цената, многу лесно може да ве наведе да потрошите повеќе отколку што сте испланирале, вели Чарлс.

Слично на тоа, фалењето на вино ги охрабрува гостите да порачаат скапо вино. Париските келнери признале дека ги набројуваат вината почнувајќи од најевтините завршувајќи со поскапите, при што гостите сигурно нема да ги памтат првите две вина кои ги слушнале туку последните две и тие ќе ги порачаат.

И можеби сте забележале дека во некои ресторани облеката на послугата содржи црвени детали.

- Се покажало дека гостите даваат повеќе бакшиш ако келнерката носи нешто црвено, ако ви нацртаат смајли на сметката или ако ве допрат во моментот кога плаќате.

Опкружување



Бојата на чиниите, обликот на чашите, музиката се само некои од работите со кои рестораните се служат.

- Ако ресторанот служи француско и италијанско вино, а француското е поскапо, француската музика во позадина ќе ве натера да се одлучите за француското, односно поскапото вино.

Исто така, истражувањето покажало дека рестораните кои пуштаат музика имаат поголема заработувачка, за разлика од оние кои не пуштаат музика.

Храна



Дали некогаш сте добиле гратис грицки? Па тие грицки не ви се понудени за добар гест, туку поради солта во нив, која ве тера да порачате уште по еден пијалак.

Исто така, специјалитетите не се направени баш како што заслужуваат. Често се направени од остатоци од храна на која брзо и истекува рокот, но тоа не значи дека ќе ви ги понудат поевтино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби