Кората од банана е драгоцена!

Кората од банана ја фрламе без трошка грижа на совест, а всушност не знаеме колку е корисна. Имено, таа има бројни предности кои делуваат на нашето здравје и убавина.



- Кората може да содржи три до четири пати повеќе растителни влакна отколку плодот, а влакната се важни кога станува збор за прочистување на телото од токсини, вели познатата нутриционистка Кимберли Снајдер.

Во кората се наоѓа и изобилство на витамини и антиоксиданси кои се добри борци против прераното стареење. Покрај тоа, таа содржи многу малку калории, масти и шеќери.

Исто така, лушпата од банана го зголемува нивото на серотонин, кој влијае на доброто расположение. Бананата е добар извор на калиум, но Снајдер вели дека лушпата содржи многу повеќе растворливи влакна кои ќе ви овозможат продолжено чувство на ситост и ќе ви помогнат да го намалите лошиот холестерол. Покрај растворливите влакна, богата е и со нерастворливи, кои се одлични за дигестивниот тракт.



Во некои делови на светот, како што се Индија и Азија, сосема вообичаена практика е пржењето или варењето на лушпата од банана, која се користи во десертите. Обидете се да додадете парче во вашето smoothie или во колачите. Колку бананата е позрела, толку нејзината лушпа е потенка и повкусна.

Во кората, пак, на цитрусите, како што е портокалот, се наоѓа поголема количина на витамин Ц отколку во сокот, а ги содржи и витамините А и Б и важни минерали, како цинк, калциум, селен и манган. Изренданата кора можете да ја додадете во разни преливи за салати или во десертите.

Исто така, треба да се напомене дека кората на лубеницата е богата со витамин Ц, Б6 и цитрулин, аминокиселина која се грижи за крвните садови и придонесува за подобрување на циркулацијата. Отстранете го зелениот дел од кората, а белиот ставете го во соковник или блендер, заедно со сочниот розев плод.



Мора да имате во предвид дека кората треба да ја користите само од оние плодови при чие одгледување не биле користени пестициди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби