Суперздрава намирница која сигурно не ја консумирате

Кога зборуваме за овесот, треба да се нагласи дека станува збор за лековита намирница од драгоцена нутриционистичка вредност која доаѓа од самото зрно. Покрај белковините, мастите, јаглехидратите и минералите, овесот содржи голема количина на калиумова сол, скроб и шеќери.



Од излупените зрна на овесот се добива лесно сварлива храна за децата и лицата со отежната дигестија. Оваа житарка стана многу важна во исхраната на луѓето, благодарение на големата хранлива вредности и масните киселини кои се распоредени во идеален размер.

Експертите велат дека зрното овес е најдобар извор на калциум меѓу житарките и придонесува за здравјето на коските и на забите. Необично е важен во диеталната исхрана, бидејќи во себе содржи многу важни витамини и минерали. Бета-глуканите во овесот го намалуваат холестеролот во крвта и со тоа ја намалуваат опасноста од болести на срцето и крвните садови.



Овесот може да се користи како прилог, во комбинација со разни видови на зеленчук во салати и варива или, пак, со јогурт или млеко и овошје, кога е во вид на овесни снегулки. На варениот овес може да му се додадат исечкани домати, краставици и кромид, прелив за салата и да се попрска со свежо исечкани зачински билки како магдонос и нане, со што добивате здрава, вкусна и освежителна салата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби