Најслаткиот појадок со шумско овошје и сладолед

Остане во кревет и предложете го рецептот на некој друг. Станете и нацртајте си насмевка со печените бобинки на кои никој нема да може да им одолее!

Како да заситите 4 до 6 гладни луѓе кои сакаат нешто слатко, свежо и печено за појадок? Ви нудиме едноставен рецепт за кој вам ќе ви треба половина час.



Што велите за оваа комбинација: шумско овошје, мелени бисквити, житарки, сето тоа кратко запечено, па прелиено со овошен јогурт, а за „грешно“ добро уживање додадете многу сладолед!

Потребни состојки:

За филот:

  • 700 гр. шумско овошје (јагоди, боровници, малини, рибизли...)
  • 100 мл. јаворов сируп
  • 50 гр. шеќер во прав
  • 3 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици вода
  • 1 лажица сок од лимон
  • Малку цимет

За тестото:

  • 300 гр. овесни брашно
  • 1 лажица прашок за пециво
  • Малку сол
  • 60 гр. путер (исечен на мали парчиња)
  • 2 лажици млеко
  • 2 лажици јаворов сируп
  • 1  јајце



Подготовка:

Направете го филот така што ќе ги помешате шумското овошје, јаворовиот сируп, шеќерот и циметот, па ставете ги во сад и загрејте на среден оган до вриење. Варете 3 до 4 минути додека не добиете хомогена смеса налик на сируп.

Во помал друг сад измешајте ги овесните снегулки, водата и лимонот, па додајте ја смесата со шумското овошје и варете уште додатни 2-3 минути. Константно мешајте и варете на тивок оган додека смесата не започне да се згуснува.

За да го направите „тестото“ измешајте го овесното брашно, прашакот за пециво и додадете малку сол во поширок сад и додадете го путерот исечен на коцки. Во мал сад измешајте едно јајце, млеко и јаворов сируп. Придодајте ги течните состојки на сувите па мешајте додека не постигнете хомогена смеса.

Во мал сад ставете го прво филот, а потоа прекријте го со претходно опишаната смеса за тесто. Печете 25 до 30 минути на 185 степени. Имајте на ум дека филот мора да биде сочен, а кората да има златна боја.

Декорацијата ви ја оставаме на вас, сакате да рендате чоколадо или пак да додадете сладолед...

Добар апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби