Продукти кои се расипуваат побрзо отколку што мислите

Мислиме дека некои намирници можат да траат долго, но всушност се лажеме, затоа што тие многу брзо ја губат хранливоста. Научниците споделуваат како е најдобро да ги чувате за да ги задржат сите хранливи состојки.

Зелен чај



Количината на антиоксиданси во зелениот чај, во просек се намалува за 32% откако чајот стои пола година на полицата, а антиоксидансите се најчувствителни на кислород и природно светло. Потрудете се да го чувате чајот херметички затворен во некоја лимена кутија, наместо да го држите во хартиени или пластични кеси. Бидејќи зелениот чај е чувствителен и на топлина, ставете ја кутијата во која го чувате чајот во фрижидер за листовите да останат свежи подолго време.

Производи од домати



Доматот во конзерва губи 50% ликопен (антиоксидант) по само 3 месеци во фрижидер, дури и ако конзервата не е отворена. Тоа е голема штета бидејќи ликопенот е корисен во борбата против ракот, срцевите болести и зајакнување на коските. Ако правите сос од домати, најдобро е да користите свеж домат, а ако правите кечап, сипете го во помали стаклени шишенца бидејќи затвореното шише може да го задржи ликопенот подолго.

Компир



Количината на витамин С се намалува во просек од 40% по само 8 месеци чување на компирот на ладно, темно и суво место. Точно е дека толку долго нема да чувате компир дома, но проблемот е што некои продавачи го држат долго време во магацин пред да го пуштат на пазарот. Затоа трудете се да купувате млад компир или барем да купите количина која знаете дека брзо ќе ја потрошите. Компирот најдобро е да го чувате во хартиени кеси, наместо во пластични. Хартиените кеси за разлика од пластичните, ја намалуваат количината на светлина и му овозможуваат на компирот да дише, не задржувајќи ја влагата внатре.

Маслиново масло



Ефикасниот антиоксиданс во маслиновото масло опаѓа за 40% по 6 месеци. За жал, во многу домаќинства, шишињата со маслиново масло се чуваат многу подолго. Затоа немојте да го чувате маслото во близина на рерната или пак да го оставите отворено, затоа што маслото е чувствително на кислород, топлина и светлина. Ако не го употребувате често, купувајте помали шишиња.

Џем од бобичести плодови



Количината на антоцијанинот и флавоноид, кои имаат против воспалително дејство, го подобруваат помнењето и делуваат како антиоксиданси. Во џемот од боровница се намалуваат за 23% по 2 месеци чување на собна температура. Слично и џемот од јагоди губи околу 12% флавоноид по 6 месеци чување во мрачен креденец. Ако можете чувајте го џемот во фрижидерот откако ќе ја отворите теглата, бидејќи така ќе зачувате 15% антоцијанин.

Житарици



Количината на рибофлавин, витаминот кој овозможува разложување на останатите нутритиенти, во збогатените тестенини се намалува за цели 50% по само еден ден изложеност на сонце. Фолната киселина збогатена со брашно исто така е чувствителна на топлина и кислород. Чувајте ги житариците во непроѕирни садови, далеку од изворот на топлина. Сувиот креденец би бил подобар избор од фрижидер, освен ако е во прашање интегрален ориз, кој содржи одредена количина масло и побрзо се расипува на собна температура.

Зачини и останати сушени билки



Количината на капсицинот во чилито, ефикасен во борбата против дебелеењето и одредени видови на рак, константно се намалува во рок од 9 месеци, а и останатите зачини и билки брзо ја губат хранливоста и свежината. Најдобро е да ги чувате во стаклена тегла, далеку од топлина и сончева светлина или сомелете ги тогаш кога ви се потребни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби