5 причини зошто компирот не заслужува лоша репутација

Компирите важат за храна која треба да ја избегнуваме, само заради фактот што најчесто се приготвуваат на нездрав начин.

Се пржат во масло, се мешаат со сирење, мајонез и други додатоци. Но, во суштина, чистиот компир е многу здрава намирица која треба често да ја консумирате, а следните пет податоци го потврдуваат тоа.



Изобилуваат со калиум

Еден голем компир печен со лушпа содржи дури 1600 милиграми калиум, што е половина од препорачаната дневна доза. Тоа е четири пати поголема содржина на калиум од банана со средна големина, која е позната како негов богат извор. Не само што тој е есенцијален електролит, клучен за хидратација и атлетски перформанс, калиумот игра улога и во намалување на крвниот притисок.

Обвиткани се со корисни растителни влакна

Доколку го консумирате со лушпа, еден голем компир содржи 7 грама диететски влакна, што претставува една четвртина од препорачаната дневна доза. Исхраната богата со влакна ќе ви помогне да се чувствувате сити поголго време, но исто така ги намалува шансите за срцев удар, го намалува лошиот холестерол и дејствува како превенција за дијабетес.

Но, доколку од компирот ја извадите лушпата, истиот содржи само 1 грам влакна.



Содржат солидно количество на витамин Ц

Компирот во просек содржи 29 милиграми витамин Ц, што претставува повеќе од една третина од овој витамин сконцентриран во портокалот, кој е еден од неговите најпознати доставувачи. Истиот игра клучна улога при одржување на имунитетот и претставува силен антиоксиданс.

Претставуваат добар извор на манган

Иако веројатно не сте доволно запознати со оваа состојка, тоа не значи дека истата не ви е потребна. Манганот е важен за процесирање на протеините, јаглехидратите и холестеролот, а исто така е вклучен во изградба на коските. Еден голем компир со лушпа содржи 33 проценти од препорачаната дневна доза на манган.

Богати се со витамин Б6

Овој витамин е важен за кардиоваскуларниот, дигестивниот, имунолошкиот, мускулниот и нервниот систем. Исто така, витаминот Б6 го помага производството на важни хормони во мозокот. Со 46% од неговата препорачана дневна доза, компирот со лушпа е треба што почесто да се наоѓа на вашата трпеза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби