Рецепт за лиснати вртелешки со малини

За оние кои сакаат брзи и едноставни рецепти, следува вкусен десерт со лиснато тесто кој се приготвува на мошне лесен начин. Можете да го направите со малини, но и со било кое друго овошје кое што ви се допаѓа.

 Потребни состојки:

  • едно пакување готово лиснато тесто

  • 200 грама крем сирење

  • 80 грама шеќер

  • екстракт од ванила

  • лажичка лимонов сок

  • 150 грама џем од малини или друго овошје по избор

  • 100 грама свежи малини

  • 1 јајце

Подготовка:

Во крем сирењето го додавате шеќерот, лажичка лимонов сок и малку екстракт од ванила. Потоа го расукувате и сечете лиснатото тесто како што е прикажано на сликата и на средината нанесувате малку од филот. Врз него ставате слој од џемот и на крајот ги распоредувате малините или било кое друго ситно овошје. На страна го матите јајцето со малку вода и го премачкувате го тестото.

Во рерна претходно загреана на 200 степени, печете го лиснатото тесто од 15 до 20 минути или додека не добие златно жолта боја. На крајот можете да го посипете и со шеќер во прав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби