Необично, вкусно и лесно: Коцки од јогурт и шунка

Во овие летни денови потребни ни се полесни закуски за да си ја задоволиме потребата за храна. Ви претставуваме интересен солен рецепт, со кој совршено ќе ја надополните летната трпеза.

Потребни состојки:

  • 1,5 л јогурт
  • 4 кесички желатин во прав
  • 6 моркови
  • 6 кисели краставички
  • 6 јајца
  • 300 гр шунка сечкана на кругови

Подготовка:

Излупете ги морковите и сварете ги во солена вода, а потоа исечкајте ги на лентички. Киселите краставички исто така исечкајте ги на лентички.

Сварете ги и јајцата, излупете ги и исечкајте ги на кругчиња.

Во млакиот јогурт, додадете го желатинот во прав и помешајте.

Во правоаголен сад ставете малку од смесата со јогурт и желатин. Одозгора наредете ги круговите исечкана шунка и повторно прелијте со малку јогурт и желатин. Потоа истото направете го и со слој од лентичките морков, киселите краставички и јајцата, помеѓу кои треба да ставите слоеви од смесата со јогурт и желатин, со која треба и да завршите.

Ставете го садот со подготвената смеса во фрижидер за да се стврдне, а потоа само исечете го на коцки и послужете!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби