Поправете ја крвната слика со овој вкусен рецепт

Анемијата, или недостаток на црвени крвни зрнца, претставува здравствен проблем кој не смеете да го занемарите.

Бидејќи црвените крвни зрнца во себе содржат хемоглобин, кој е задолжен за доставување на кислород до сите клетки во телото, како последица на нивниот недостаток се јавуваат замор, вртоглавици, блед тен, отсуство на апетит, нарушен имунитет, проблеми со концентрација и сл.



Бидејќи најчестата причина за појава на анемијата е недостаток на железо, ви претставуваме рецепт кој експресно ќе ви ја подобри крвната слика, а е толку вкусен што ќе го консумирате со сласт.

Потребни состојки:

  • 200 мл мед
  • 200 гр ореви
  • 200 гр суво грозје
  • 200 мл сок од морков (природен, направен на соковник или процеден од рендан морков)
  • 200 мл сок од цвекло (природен)
  • 2 лимони

Подготовка:

Излупете ги двата лимона, отстранете ги семчињата и сомелете ги во блендер. Додадете ги медот, сокот од цвекло и сокот од моркови, па измиксајте ги повторно во блендерот. На крајот, во добиената смеса додадете ситно исечкани  мелени ореви и суво грозје.

Ќе добиете околу еден литар лековита смеса која можете да ја чувате во стаклено шише или тегла. Консумирајте по една чашка секој ден, на празен стомак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби