За да ослабете појадувајте диња!

Во вечната борба против вишокот килограми имате нов сојузник! Искористете ја добро сезоната на дињата и вметнете го ова овошје во вашиот утрински ритуал. Но, важно е дињата да биде потполно зрела, мека и сочна, наместо тврда и сува.

Еве зошто ова летно овошје ќе ви помогне да ослабете доколку го консумирате за појадок.



Содржи малку калории

Една диња со средна големина содржи 275 калории. Според тоа, за појадок можете без страв да изедете дури 2 дињи! Калориската вредност на една диња е како да сте изеле 2 варени јајца и 2 парчиња двопек од житарки од цело зрно. Но, ова овошје ќе ви пружи и 3 грама растителни влакна повеќе, а 10 грама масти помалку.

Нутритивно е хранлива

Покрај само 275-те калории кои ќе ги внесете, ќе задоволите дури 34% од дневната потреба на телото за омега 3 масни киселини. Дињата содржи и протеини - околу 7 грама, што е еднакво на едно јајце, но со неа ќе бидете во предност бидејќи нема да внесувате холестерол.

Исто така, ќе внесете дури двојно повеќе од препорачаната дневна доза на витамин А, а ќе ја задоволите дневната телесна потреба за витамин Ц. Дињата претставува и одличен извор на бакар, магнезиум, калиум, витамин К, цинк и витамините од групата Б.



Долго ќе ве држи сити

Една диња содржи околу 7,3 грама влакна, што е една четвртина од препорачаната дневна доза. Но, диететските влакна не се единственото нешто што ќе ве засити.

Имено, човечкото тело е така дизајнирано да бара храна додека не ја задоволи телесната потреба за основните хранливи материи. Па така, истата многу лесно ќе ја задоволите со консумирање на диња. Кога јадете намирници со таква разновидна хранлива вредност, телото прима сигнал дека добило сè што му е потребно и конечно се чувствува сито.

Го забрзува варењето на храната

Дињата се разградува во нашето тело за 15 до 30 минути. За дополнително да ја забрзате работата на системот за варење и да го спречите настанувањето на затвор, јадете ја дињата на празен желудник, заедно со некое друго овошје кое се разградува побавно. Одличен избор се јаткастите плодови, на кои им се потребни 4 часа за да се разградат.



Можеби ќе помислите дека дињата предизвикува подуеност и појава на гасови, но тоа се случува само доколку ја консумирате во комбинација со погрешни намирници. За да проверите дали дињата му одговара на вашиот дигестивен систем, изедете ја на празен желудник без да консумирате ништо покрај неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби