Состојките што се наоѓаат во овошјето и зеленчукот се неопходни за организмот и нè штитат од многу нарушувања и болести. Не содржат многу калории, но се вистински резервоар на витамини, минерали и супстанции неопходни за правилно функционирање на нашиот организам. За да бидете здрави, настојувајте на вашата трпеза често да се наоѓаат продукти кои што се и природен лек. Но, што се ја сочинува оваа скапоцена ''азбука на витамини и минерали''?
АНАНАС, добар е за кожата и сврзното ткиво, помага во варењето на белковините, го забрзува зараснувањето на раните;
• штити од предвремено создавање брчки и целулит;
• содржи многу ензими, бромелаин, бетакаротен, витамин Ц, калиум, калциум, цинк, јод;
• направете коктел против брчки со најважните витални материи за кожата: 1/2 ананас, 1 киви и 1 парче нарезок од мисиркини гради.
ЈАБОЛКА, добри се за кондиција во спортот, ги одржуваат еластични крвните садови и го прават срцето здраво, го намалуваат холестеролот, овозможуваат да се исчистат цревата;
• штитат од атеросклероза, мускулни грчеви, настинки;
• содржат витамини Ц и Е, фолна киселина, калиум, пектин, епикатехин;
• По вежбањето направете си напиток кој ќе ви ја врати силата : 1/4 јаболков сок, 3/4 минерална вода богата со магнезиум.
КАЈСИЈА, добра е за сјајна кожа и цврсти нокти, го забрзува губењето на мозолките, го затегнува сврзното ткиво, ги витализира срцето и крвотокот;
• штити од атеросклероза, нарушување на варењето, инфекции, мозолки;
• содржи многу бетакаротен, ниацин, витамин Е, калиум, фосфор, манган, железо, силициумска киселина, фенолна киселина.
АРТИЧОКА, добра е за убав тен, бистра глава, им помага на црниот дроб и на жолчното ќесе за подобро да ги сварат мастите, го намалува холестеролот;
• содржи многу бетакаротен, витамин Б1, ниацин, фолна киселина, калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, цинк, јод
• витаминот Б1 и јаглерохидратите се грижат за духовната издржливост. Испијте 200 мл сок од артичока и изедете 200 гр нелупен компир.
МОДАР ПАТЛИЏАН, добар е за оптимално варење, го намалува холестеролот, се грижи за чиста кожа, ги пренесува отпадните материи од цревата. Оттука, добар е против болести на црниот дроб и ревма, како и против шеќерна болест;
• штити од атеросклероза, нервни болести, мозолки;
• содржи многу витамин Б6, ниацин, фолна киселина, калиум, фосфор, манган, горчливи материи, етерични масла
БАНАНА, за добро расположение, го јакне помнењето, се грижи за брзо надополнување на силата на спортистите, ги спречува болките при мускулен замор;
• штити од зголемен крвен притисок, стомачни тегоби, мускулни грчеви, атеросклероза, депресија;
• содржи многу бетакаротен, витамин Б6, ниацин, фолна киселина, калиум, магнезиум, триптофан, фенилаланин и тирозин;
• го подобрува расположението, ги растерува грижите и стравот: 1 резанка леб со сончоглед, 2 кафени лажици лешник, 1 банана.
БОРАНИЈА ги ублажува тегобите кај ревмата, гихтот, шеќерната болест, ги поттикнува работата на бубрезите и метаболизмот во телото
• штити од зголемен крвен притисок, срцев инфаркт,
• содржи многу бетакаротен, витамин Б6, ниацин, фолна киселина, витамини Ц и Е, калиум, калциум, селен, секундарни билни материи и триптофан.