ОД ЕДНОСТАВНОСТ ДО ПЕРФЕКЦИЈА

Совршен вкус: Како да ја маринирате храната?

Маринирањето е добро позната стара и широко применета постапка за подобрување на вкусот и за омекнување на месото пред пржење, печење или пак ставање на скара.

Маринирање значи месото да се потопи и да се остави да отстои во разни видови мешавини од масла, сосови, зачини и тревки.

Некои познати готвачи велат дека маринирањето отсекогаш било начин за подобрување и на визуелниот дел на јадењето, но денеска маринадите даваат разни можности за ароматизирање на јадењето.

Можете да користите пластична кеса или пак некој подлабок сад (стаклен, керамичен, порцелански, нерѓосувачко железо, но никако алуминиумски или бакарен зошто реагира со киселината).

Модерните готвачи кои постојано ги гледаме на ТВ велат да ставиме неколку работи во пластична кеса, да додадеме месо и да отидеме на работа (или пак на спиење) и кога ќе се вратите тие ќе бидат најдобри пријатели.

СОВРШЕНАТА ФОРМУЛА:

Немојте многу да се оптоварувате, бидете креативни и не секогаш следете ги рецептите, туку само базичната формула:

  • Киселина (но не премногу)

На пр: оцет, сок од лимон/лимета/портокал, вино, матеница или јогурт

Зошто: Овие состојки ќе го зајакнат и разубават вкусот на месото

  • Сол или соја сос
  • Масло

На пр: јајце, маслиново масло, зејтин

Зошто: помага во ослободување на вкусот на зачините и билките да остане во контакт со месото

  • Билки/Зачини/Шеќер

На пр: лук, лаванда, рузмарин, ѓумбир, чили, јаворов сируп

Зошто: сите тие додаваат вкус

  • Време

Зошто: месото мора да одстои во маринадата

Некои спојувања се сосема нормални и природни, па така сигурно веќе знаете дека јагнешкото оди со рузмарин, свинското со мед, а пилешкото со јогурт. Поради тоа треба секогаш да се држиме до состојките кои доаѓаат од иста кујна. Еве неколку примери за тоа:

АЗИСКИ СОСТОЈКИ ЗА МАРИНИРАЊЕ

Ориз, вински оцет, соја сос, слатко вино, ѓумбир, кокосово млеко, сок од лимон или лимета, шеќер, лук.

МЕДИТЕРАНСКИ СОСТОЈКИ ЗА МАРИНИРАЊЕ

Црвен и бел оцет, црвено и бело вино, пиво, сок од лимон, лук, босилек, магдонос, оригано, нане, копар, мајчина душица, рузмарин, сенф, шеќер, мед, лук, кромид.

АМЕРИКАНСКИ СОСТОЈКИ ЗА МАРИНИРАЊЕ

Бурбон, табаско сос, матеница, шеќер, мед, јаворов сируп.

ИНДИСКИ СОСТОЈКИ ЗА МАРИНИРАЊЕ

Јогурт, кари, коријандер, куркума, нане, лук.

ЛАТИНСКИ СОСТОЈКИ ЗА МАРИНИРАЊЕ

Чили, ким, оригано, сок од лимон, лук.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби