Чудесните својства на само еден портокал дневно

Егзотичните овошја нè привлекуваат со нивниот сочен вкус, но најчесто забораваме дека токму хранливата вредност која ја нудат е она што му е навистина потребно на нашиот организам. Имено, високата содржина на витамин Ц во портокалот го стимулира производството на бели крвни зрнца, со што се подобрува имунолошкиот систем.



Еден од најдобрите начини да го започнете денот е да консумирате свежо исцеден сок од ова овошје. Еве какви сè предности за нашиот организам носи консумацијата на само еден портокал дневно.

Превенција од рак

Високата содржина на витамин Ц во портокалот делува како антиоксиданс, а ова овошје, како и другите видови на цитруси, го содржи соединението наречено Д-лимонел, кое ефикасно го спречува развојот на одредени видови на рак, како што е ракот на кожата, дојките, белите дробови, дебелото црево и устата. Кога станува збор за превенција на оваа болест, дополнителен адут кој го имаат портокалите е тоа што содржат голема количина на калиум.

Го намалува нивото на лошиот холестерол

Еден од најважните флавиноиди кој портокалите го содржат во изобилство е хесперидинот. Истражувањата покажуваат дека истиот го намалува нивото на лошиот холестерол во телото.



Против воспалително дејство

Портокалот е одличен и за намалување на воспаленијата во организмот. Токму ова негово дејство помага во намалување на болката во случај на артритис и вкочанетост на мускулите и зглобовите.

Сјајна кожа

Портокалот и’ дава на нашата кожа прекрасен сјај. Овој ефект се должи на антиоксидансите кои се наоѓаат во него, а кои ја штитат кожата од штетното дејство на слободните радикали, кои пак, го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

Против констипација

Портокалите се полни со хранливи влакна кои ја стимулираат работата на системот за варење и помагаат за отстранување на констипацијата.

Правилен развој на мозокот

Портокалите се одличен извор на фолати и на фолна киселина, кои помагаат за правилен развој и функционирање на мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби