Трикови, совети и многу рецепти за сочно месо

Откако ви ги објаснивме тајните на маринирањето, сега решивме да отидеме чекор понапред и да ви ги откриеме триковите, советите, но и рецептите со кои совршено ќе го маринирате месото.

Внимавајте со шеќерот

Слатките состојки во маринадата како јаворовиот сируп, медот, кафеавиот и белиот шеќер, слатките вина можат да направат вашата храна да загори додека ја подготвувате. Поради тоа кога користите маринада со шеќер, намалете ја температурата или пак постојано мешајте.

Секогаш покривајте го месото

Доколку користите сад тогаш покријте го местото кое сте го маринирале, или пак користете пластична кеса која ќе ја затворите.

Не правете дупчиња во месото

Ова е дебата која ја водат готвачите. Некои велат дека треба, некои пак не, бидејќи дупките прават да излезе природниот сок на месото додека се готви и со тоа месото може да остане суво.

Дали месото треба да седи во маринадата многу или пак малку?

Има неколку фактори кои влијаат на ова, па поради тоа ние ви понудивме една шема, на која ви е прикажан типот на месото и колку време е потребно за тоа да се маринира.

Маринадата може да биде и сос

Сите состојки со кои сакате да го маринирате месото можете да ги ставите во блендер или пак да ги зготвите и да направите сос со кој потоа ќе го полиете месото.

Исчистете го месото пред да го подготвите

Кога ќе го извадите месото од маринадата, нежно отстранете ги сите билки и зачини. Во спротивно тие можат да загорат додека го готвите месото.

Можете да станете професионалец и без да ги следите рецептите. Сепак,ви нудиме неколку рецепти кои можете да ги подготвите и да ги изненадите вашите дома.

Под секоја фотографија ќе ги најдете состојките за маринирање.

Риба во сусам и лук

Маринадата: маслиново масло, сусамово масло, оцет, кафеав шеќер, соја сос, лук, ѓумбир. Рибата оставете ја во маринадата барем 10 минути.

Ражнич со парчиња туна

Маринадата: шеќер, вода, мајонез, лук. Туната оставете ја во маринадата барем еден час.

Лосос со ориз и лимета



Маринадата: јаворов сируп, сенф, соја сос, лимонов сок, лимета. Лососот во маринадата оставете го најмалку 10 минути.

Пржено тако со риба



Маринадата: сок од лимон, босилек, масло, сол. Рибата во маринадата оставете ја најмалку 15 минути.

Пијани ракчиња



Маринадата: соја сос, лук, босилек, бело вино, сок од лимон, шеќер, масло. Ракчињата во маринадата оставете ги барем 10-на минути.

Пилешко во сос од розмарин и лимон



Маринадата: лук, нане, сол, свеж розмарин, сок од лимон, маслиново масло, црвен пипер. Пилешкото оставете го во маринадата барем 4 часа.

Пилешко во пиво на бразилски начин



Маринадата: лук, ѓумбир, кромид, црвен пипер, сол, црн бибер, сенф, пиво, масло. Пилешкото оставете го во маринадата барем 4 часа.

Пржени пилешки батаци



Маринадата: млеко, сол, мајчина душица, бибер. Оставете го пилешкото во маринадата барем 8 часа

Пилешки котлети со лук



Маринадата: Маслиново масло, лук, бело вино, свеж рузмарин, сол, бибер. Оставете го пилешкото 10 до 30 минути во маринадата.

Пилешко во путер и зачини



Маринадата: путер, розмарин, сол, бибер. Оставете го пилешкото во маринадата од 1 до 8 часа.

Јагнешко со лук и оригано



Маринадата: Маслиново масло, кромид, лук, сок од лимон, сушено оригано. Јагнешкото оставете го во маринадата барем 4 часа.

Говедско на скара во балсамико сок



Маринадата: балсамико, маслиново масло, рузмарин. Говедското оставете го во маринадата барем 6 часа.

Свинско со мед и лук



Маринадата: мед, лук, сок од портокал, морска сол, црвен пипер. Свинското оставете го во маринадата барем два часа.

Маринирани кременадли со пиво



Маринадата: соја сос, лук, пиво. Оставете го свинското во маринадата неколку часа.

Пикантни ребра во оцет



Маринадата: кафеав шеќер, оцет, кора од лимон, копар, пиперка, црн пипер, чили, лук. Оставете ги ребрата во маринадата 6 часа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби