Домашни ресана колачи

Познатите ресана колачиња се меѓу најомилените десерти кои можеме да ги најдеме во продавниците. Но, истите можете да ги направите и дома. Ние ви го претставуваме рецептот.



Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 4 шолји шеќер
  • 4 шолји масло
  • 10 шолји брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • мармалад од кајсии
  • сок од 1 портокал и
  • 5 гр. желатин
  • 300 гр чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

- Добро изматете ги јајцата со шеќерот, додајте го маслото, ванилинот шеќер, брашното и прашокот за печиво. Во подмачкано тавче ставајте по половина лажиче од тестото, оставајте доволно простор бидејќи за време на печењето колачињата ќе нараснат.

- Печете на 200 степени околу 15 минути, односно додека тестото не добие на боја. Од оваа маса треба да ви излезат околу три тавчиња со колачиња.



- Во сокот од портокал додадете го желатинот растворен во лажичка ладна вода и ставете го на рингла добро да се загрее. Во тоа додадете десетина лажици мармалад од кајсии, па сето заедно измешајте го и оставете го да се стегне.

- Составувајте по две колачиња меѓу кои ќе ставате од згуснатата смеса од мармаладот, а потоа од едната страна потопете го во растопеното чоколадо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби