Поинаков рецепт за омилениот десерт: Пијан чизкејк

Во листата на омилени десерти кај многу љубители на благо неизоставен е чизкејкот, што ни малку не нè чуди доколку земеме во предвид дека едноставната подготовка и секогаш постојаната текстура еднакво добро оди со шолја кафе или пак со бело вино.

Во овој рецепт за чизкејк нема брашно, за лесната текстура одговорен е шлагот од изматени белки, а за сочноста пак „пијаните“ праски.

Подлога

  • 300 гр. кекси (чајни кекси, кекси со путер или пак полнети како Oreo или слични)
  • 4-5 лажици масло или 100 гр. стопен путер

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 160 степени. Сомелете ги или пак искршете ги кексите. Додадете масло или путер, измешајте ја смесата за да добиете налик на влажен песок, па сипете ја во претходно намачкан плех (со дијаметар од околу 26 см.). Печете 10 минути додека кексите не заруменат.

Крем

  • 800 гр. крем сирење
  • 6 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 3 лажици гриз
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Жолчките изматете ги со шеќерот. Додадете ванила. Во смесата измешајте сирење, додадете гриз и повторно мешајте. Белките измиксајте ги да добиете шлаг, лесно додадете ја смесата со сирењето, ставете во сад за печење и печете 45 минути на 180 степени. Оставете малку да се излади.

Пијани праски

  • 3 поголеми праски или нектарини (зрели)
  • 100 мл. ликер (по желба)
  • 1 лажица шеќер
  • 0,5 лажица густин

Подготовка:

Праските исечете ги на плочки (не морате да ги лупите). Прелијте ги со ликер и посипете ги со шеќер. Загрејте го алкохолот да испари и праските да омекнат. Кога ќе се случи тоа, тргнете ги од оган и во посебен сад излејте го сокот кој настанал со варењето. Во тој сок разматете густин, прелијте го преку праските и потоа вратете на оган, и варете за да згусне. Преливот ставете го на тортата. Оставете да се излади и уживајте во прекрасниот десерт.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби