Намирници кои ви ја крадат енергијата

Сте се запрашале ли некогаш зошто енергијата драстично ви опаѓа во попладневните часови? Можеби виновник за тоа е вашиот омилен појадок, ручек или ужина. Нутриционистот Дон Наполи објаснува дека постои одредена храна по чија консумација ни опаѓа енергијата.

Проверете дали вашите омилени намирници се наоѓаат на листата на „крадци“ на енергијата.

Кафе



Иако ова делува неверојатно, Наполи тврди дека пијалаците богати со кофеин, како што се кафето или чајот, можат да предизвикаат замор. Имено, овие намирници ви даваат инстантна енергија која ќе ве држи кренати еден до еден и пол час, но чувството на замор кое следи потоа е неизбежно.

Банани



Намирниците богати со магнезиум, како што се бананите или семките од тиква, може да ве направат поуморни. Причината лежи во тоа што овој минерал всушност делува на опуштање на мускулите, па одлично е да ги консумирате овие намирници пред да си легнете. Но, во текот на денот истите може да ве изморат.

Бел леб



Доколку изберете јаглехидрати со висок гликемиски индекс (како што се белиот леб и белиот ориз), наместо оние со житарки од цело зрно, знајте дека тие не ги содржат клучните елементи кои предизвикуваат чувство на сила и ситост.

- Јаглехидратите со висок гликемиски индекс не содржат многу влакна, така што брзо се разградуваат и не ви ја даваат потребната енергија, напоменува Наполи.

Црвено месо



Високата содржина на масти во црвеното месо би можела да предизвика чувство на поспаност. Потребно е навистина големо количество енергија за да се преработи ова месо, така што целата енергија која ја имате се троши на тоа. Месото кое содржи омега 3-масни киселини би требало да ве „подигне“, со оглед на тоа што истото докажано помага во функционирањето на мозокот и концентрацијата. Затоа експертите порачуваат црвеното месо да го замените со лосос.

Цреши



Истражувањата покажуваат дека црешите и густиот сок од цреши помагаат при спиење, со оглед на тоа што содржат многу мелатонин, кој го регулира сонот. Затоа, ова овошје одлично ќе ви помогне кога ви е потребен сон, но не и преку денот, кога ви е потребна енергија за да ги извршувате вашите обврски.

Слатки



Консумирањето на десерти богати со шеќери после ручекот може да ве фрли во „кома од храна“ неверојатно брзо. При консумација на такви намирници, во телото се лачи инсулин, кој пак потоа отпушта преголема количина на аминокиселината триптофан во мозокот, од која ќе ви се спие. Токму затоа благите работи даваат енергија на краток рок, но многу набрзо потоа ве „туркаат“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби