Ова видео спаѓа во категоријата „food porn“ т.е. порнографија за гурмани, ако овој кулинарски термин воопшто може да се преведе од англискиот јазик.
Познатиот британски ланец на супермаркети воодушеви со новата реклама за својата гастрономска понуда. Немојте да кажете дека не сме ве предупредиле – Не го гледајте ова видео доколку не планирате во следните пет минути да изедете нешто убаво и вкусно!
Инаку терминот „food porn“ подразбира гламурозна визуелна презентација на храната, или пак нејзина консумација во реклами и телевизиски програм, со цел будење на апетитот и другите сетила.
Дали ланецот Marks & Spencer со оваа реклама успеал да ги разбуди вашите сетила? Ние веднаш добивме апетит, па поради тоа внимавајте и вие да не го испразните фрижидерот.