Рецепт: Направете сируп од грозје за зимница

Сезоната на грозјето е започната, па затоа треба добро да ја искористиме. Имајте на ум дека покрај неговиот убав вкус, грозјето е исклучително хранливо овошје, кое делува како природен тоник на организмот. Се користи како природен лек за чистење на крвта, за регулирање на варењето на храната, за отстранување на масните наслаги од телото, за лекување на воспалителни процеси на органите за варење, како и за ублажување на реуматските потешкотии и кожните алергии.



Свежиот сок од грозје е богат со витамини А, Б и Ц и со разни минерали. Содржи околу 20% шеќер, заради што претставува одлична енергетска намирница. Грозјето е важен извор и на биофлавониди, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат многу заболувања, вклучувајќи ги и малигните болести. Поради тоа, грозјето има и антиканцерогено дејство.

За да можете дел од ова вкусно и здраво овошје да го зачувате и за претстојната зима, ви предложуваме да направите хранлив сируп од црно грозје.

Потребни состојки:

  • 5 кг црно грозје
  • 1,5 л вода
  • 800 гр шеќер
  • 20 гр лимонтус

Подготовка:

Одвојте ги топчињата грозје од дршките, па на кратко измешајте ги во мискер. Додадете вода и испасирајте. На добиенот сок додадете му го шеќерот и лимонтусот, па загрејте го до вриење. Врелиот сок процедете го, истурете го во стаклено шише и добро затворете го. Вашиот сируп од грозје е подготвен да посегнете по него во зимските денови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби