За секунда откријте дали јајцето е свежо

Свежите јајца се вкусна и хранлива намирница, богата со протеини, минерали, витамини и антиоксиданси. Доколку сакате да бидете сигурни дали јајцата кои сте ги набавиле или кои стојат во вашиот фрижидер се доволно свежи, со помош на следните 3 кратки теста, за само неколку секунди ќе го добиете одговорот на тоа прашање.



Прв тест

Земете еден длабок стаклен сад или чаша и наполнете ги со вода. Нежно ставете го јајцето внатре и набљудувајте што ќе се случи.

- Свежото јајце потполно ќе потоне и ќе се „залепи“ за дното.
- Не толку свежото јајце со едниот дел ќе биде на дното, а со другиот ќе биде подигнато кон површината.
- Јајцата кои пловат на површината на водата се прилично стари и ризични за консумација па затоа немојте да ги јадете.

Втор тест

Земете го јајцето во рака и држете го покрај увото. Лесно протресете го и слушнете го звукот кој доаѓа од внатрешноста на јајцето.

- Доколку не слушнете никаков звук, јајцето би требало да биде свежо и добро за консумација.
- Доколку од јајцето се слушне необичен шум, тоа најверојатно е старо.

Трет тест

Земете едно јајце, скршете ја лушпата од ивицата на чинија и отворете го. Истурете го во чинијата и набљудувајте го неговиот изглед.

- Доколку жолчката стои цврсто и подигнато, а белката останува собрана околу неа, јајцето е свежо.
- Доколку жолчката е цврста, но малку се раширила и сплескала, а белката е проѕирна и сеуште потполно не е разлеана, јајцето е постаро, но сепак е добро за консумација.
- Доколку жолчката е мека, потполно сплескана или веднаш се има разлеано, а белката е водлеста и потполно разлеана по чинијата, јајцето најверојатно е старо, па затоа немојте да го подготвувате за јадење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби