Боза: Колку е здрава и како да ја направиме сами?

Бозата е ориентален напиток, стар повеќе од илјада години. Некогаш на овие простори во секоја слаткарница се служела освежителната боза, а денес можеме да ја нарачаме само во мал дел од нив.



За разлика од нездравите, газирани напитоци кои се преполни со штетни состојки и кои денешните деца ги пијат во големи количини, бозата е природен, здрав и исклучително хранлив напиток преполн со витамини. Содржи голема количина Б витамини (Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12), витамин А и Е, како и железо, а ценета е и како напиток кој го полни организмот со сила и енергија. Бозата содржи голем број корисни бактерии, особено е добра за спортистите, трудниците и родилките.

Рецептот за боза е едноставен и секој може без проблем да ја направи во својот дом.

Потребни состојки:

  • 5 л вода
  • 1 кг шеќер
  • 600 гр непросеано пченкарно брашно
  • 30 г квасец

Подготовка:

Пченкарното брашно прелијте го со 5-те литри топла вода и оставете го да отстои еден ден. Утредента варете го 2 часа со повремено мешање. Кога ќе се олади додадете го квасецот, така што претходно ќе го промешате во малку вода и ќе го оставите да нарасне. Помешајте и оставете така да отстои преку ноќ.

Следниот ден процедете и додадете го шеќерот. Добро измешајте додека шеќерот не се растопи.

Заради релативно големата содржина на квасец, бозата не може долго да го задржи слаткиот вкус, бидејќи доаѓа до ферментација и претворање на мешавината на квасец и шеќер во алкохол, после што го губи својот вкус. Затоа, овој напиток задолжително треба да го чувате во фрижидер, но и да подготвувате количина која можете да ја потрошите за релативно кратко време.

Заради нејзиниот освежителен вкус, бозата се пие добро изладена, но не додавајте мраз. На здравје!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби