Ситни и вкусни: Овошни колачиња на кои е невозможно да им одолеете

Постојано слушаме дека не е добро да се внесуваат многу шеќери во организмот, но од време на време можеме да си дозволиме мало и совршено вкусно залаче, кое ќе го направите самите вие. Ви предложуваме три рецепти за сладок овошен грев на кој е тешко да му се одолее.

ЧОКОЛАДНИ КОРПИЧКИ СО БРУСНИЦА



Потребни состојки:

  • 250 гр чоколадо
  • 150 гр маргарин
  • 100 гр сушени брусници
  • малку рум
  • 1 лажица мед
  • хартиени корпички за бомбици

Подготовка:

Ставете ги брусниците во шолја, прелијте ги со рум и оставете ги да отстојат два часа. Растопете ги чоколадото, медот и маргаринот, додадете една лажица рум, па наполнете ги хартиените корпички до половина. Потоа додадете неколку брусници, па дополнете ги корпичките со чоколадната смеса. Украсете по желба и оставете ги слатките да се стврднат.

БОМБИЦИ ОД СМОКВИ

Потребни состојки:

  • 500 гр суви смокви
  • 1 портокал
  • 150 гр мелени ореви
  • 100 гр темно чоколадо (70% какао)
  • 100 гр кафеав шеќер
  • хартиени корпички за бомбици

Подготовка:

Измелете ги смоквите и портокалот, па во таа смеса додадете ги шеќерот, оревите и растопеното чоколадо. Сето тоа измешајте го добро, па доколку ви излезе многу ретко, додадете уште малку мелени ореви. Направете топчиња, извалкајте ги во мелени ореви и ставете ги во хартиени корпички.

ТРОПСКИ ЕНЕРГЕТСКИ ПЛОЧКИ

Потребни состојки:

  • ½ шолја индиски ореви
  • ½ шолја кокосови трошки
  • ½ шолја суви кајсии
  • ½ шолја сушен ананас
  • 5 урми
  • 1 лажица кокосово масло
  • малку сол

Подготовка:

Во мултипрактик миксер или блендер, сомелете ги индиските ореви и брашното. Додадете кокос и промешајте. Потоа додаде го исечканото суво овошје и малку сол и миксајте сè додека не се иситнат сите состојки, па додадете го кокосовото масло и мешајте додека смесата не се соедини. Обложете го калапот за колачи со хартија за печење и распоредете ја смесата, па ставете ја во замрзнувач, да отстои 1-2 часа. Извадете ја и исечкајте ја на саканите облици. Плочките ставете ги во сад со капак и чувајте ги во фрижидер до 3 седмици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби