Домашни вкусни крофни по рецепт на баба

Зарем има повкусен домашен десерт од вкусни крофни кои ќе не потсетат на детство, токму онакви какви што ни правела нашата баба.

Потребни состојки:

  • 1 кг. брашно
  • 1 коцка квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажици сол
  • 2 јајца
  • Топла вода по потреба
  • Масло по потреба

Подготовка:

Во сад за мешање сипете брашно, шеќер и сол и сето тоа измешајте го. Потоа направете вдлабнатина, па во него издробете го квасецот и скршете две јајца.

Од наведените состојки замесете тесто, прво со лажица, pa рачно, а потоа оставете го да отстои околу 30 минути.

Во подлабок сад загрејте го маслото (не треба многу), со лажица вадете ги крофните и пржете ги. Уживајте!

Напомена:

За полесно да се извади тестото, претходно подмачкајте ја лажицата со загреано масло.

Доколку сакате крофните да бидат со еднаква големина (ние намерно сакавме да бидат во различен облик бидејќи така ги правеа и бабите), истите може да ги вадите со лажица за сладолед, која претходно исто така треба да се подмачка.

Бидејќи тестото за крофни е „универзално“, истите може да ги служите солени и благи, па така можете да додадете кајмак, сирење, јогурт или пак ако сте за слатка варијанта, тогаш имате на располагање мармалад, крем, прав шеќер и топено чоколадо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби