Три најчести грешки кои ги правиме со компирите

Компирот е можеби најраспространетата намирница на светот, но за жал истата е потценета и често ја бие лош глас. Интересен е фактот дека хранјеќи се единствено со компир, човекот може да се одржува во живот, благодарение на минералите и витамините кои ги поседува.



Токму тие важни витамини, како што се Ц, Б1 и Б2, треба да знаете да ги зачувате и да го извлечете најдоброто од компирот, а тоа ќе го постигнете доколку ги избегнувате следните три грешки.

Варење на лупен и исечкан компир

Никогаш немојте компирот да го лупите пред да го ставите да се вари или пече. При варењето со лушпа, компирот успева да зачува дури третина од количината витамин Ц која ја содржи, додека при печење целосно останува хранлив. Покрај тоа, лушпата на компирот содржи флуор, добро познат елемент кој го чува здравјето на забите и ја спречува појавата на кариес.

Кога не можете да го избегнете лупењето на компирот, внимавајте барем слојот кој го вадите да биде минимално тенок, бидејќи под него се крие ризница на белковини.



Замрзнување

Свежиот компир или јадењата кои го содржат не е пожелно да се замрзнуваат. На таа температура скробот кој го содржи компирот, се претвора во шеќер и станува штетен.

Идеални услови за чување на компирите се дрвени кутии сместени во темна и сува просторија. На тој начин се спречува ртењето, кое од компирот ги извлекува хранливите вредности, па доколку забележите дека тоа се случува, што побрзо отстранете ги израстоците.

Подгревање на веќе зготвениот компир

Компирот кој веќе е тремички обработен, не би требало да го подгревате, бидејќи на тој начин ги губи неговите нутритивни својства. Имено, во самата средина на компирот за време на подгревањето доаѓа до ослободување на тешки метали, поточно на токсичен соланин, кој ги разбива белковините во организмот.



До труење нема да доведе консумацијата на еден подгреан оброк, но таквата практика секако треба да ја избегнувате. Нутриционистите препорачуваат компирот да го јадете оладен, бидејќи тогаш во него се зголемува отпорниот скроб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби