Чисти лаги поврзани со здравата исхрана

Помеѓу бројните совети за здравата исхрана, се кријат и лаги во кои веруваме. Често зад таквите совети стојат заблуди, лоши истражувања и алчни компании кои се обидуваат да ви го испразнат паричникот.



Ви ги претставуваме најголемите лаги за исхраната во кои повеќето од нас веруваат:

Заситените масти се лоши за вашето срце

Целиот живот слушате како храната со висок удел на масти е лоша за срцето и холестеролот и дека путерот, сирењето и месото нè водат кон неизбежен срцев удар. Но, тоа всушност може да биде далеку од вистината. Имено, студијата која обединила 21 истражување спроведено во период од 14 години, во кои учествувале повеќе од 350.000 луѓе, од кои 11.000 имале болести на срцето, покажале дека не постои корелација помеѓу консумацијата на заситените масти и срцевите заболувања.

Мора да јадете по 5 оброка на ден доколку сакате да ослабете

Изреката „јадете пред да огладнете и запрете пред да сте полни“,стави во заблуда многу лични тренери и експерти. Но, истражувањата покажуваат дека честата консумација на оброци не делува позитивно на оние кои поголемиот дел од времето го поминуваат седејќи.

Едноставно кажано, освен доколку не сте спортисти или не вежбате интензивно од 6 до 8 часа неделно или повеќе, нема да ги изгубите килограмите следејќи ја оваа метода. Многу е поважен изборот на храна, отколку кога и колку пати јадете.



Јаглехидратите дебелеат

Штом изедеме тост или парче леб за појадок, веднаш добиваме грижа на совест. Но, дали навистина треба да се грижите за лошото влијание на јаглехидратите врз вашата половина? Доколку во остатокот од денот јадете палачинки или чоколади како меѓуоброк, тогаш голема е веројатноста дека ќе се здебелите. Но, доколку јадете житарки кои се минимално обработени, не би требало да се грижите. Сè додека јаглехидратите ги консумирате правилно, нема да го зголемите бројот на килограми, туку ќе добиете само енергија која ќе треба да ја потрошите.

Овошниот сок е здрав

Фактот што овошјето и зеленчукот се здрави, не ги прави пакуваните сокови кои се наредени на полиците низ маркетите добри за нас.

Исто така, многу е полесно да испиете една чаша цеден сок или смути, но дали би ги изеле петте портокали од кои е направен сокот, или двете банани, јаболкото, мангото и праската кои се изблендирани во смутито? Веројатно не. Кога е во прашање пиењето на сокови, телото реагира поинаку. Не е потребно да џвакате, а тука е таа голема количина на течности и последици. Имено, проблемот не се наоѓа во овошјето, туку во фруктозата (шеќерот) што се содржи во овошјето.



Истражувањето спроведено на универзитетот во Калифорнија покажало дека зголемената консумација на фруктоза може да ја зголеми количината на масти во телото, што носи бројни негативни ефекти на телото. За да дојдете до тоа потребно е навистина многу овошје, но овошните сокови може да ве донесат до негативните последици многу побрзо. Затоа, држете се до водата и чаевите.

Намирниците со низок процент на масти се здрави

Веќе е наведено дека заситените масти не се толку лоши за вашето срце. Но, што е со намирниците со низок процент на масти? Кога во преработката на храната се отстрануваат мастите (или шеќерот во некои случаи), производите се полнат со хемикалии. Повеќето од нив се штетни за телото, а најголемиот виновник е аспартамот. Аспартамот претставува синтетички и високо интензивен засладувач. Затоа, за вашето здравје, но и обем на половината, подобро е да изберете полномасна опција.

Броењето калории е неизмерно важно

Секое броење на калории кое некогаш сте го направиле било погрешно. Секое читање на декларациите, броењето на калориите и фокусирањето на нивниот внес било залудно. Имено, броењето е безначајно бидејќи сите калории не се исти. 500 калории од стек се далеку подобри за вас отколку 500 калории од чоколадо. Првите претставуваат здрав и хранлив оброк, полн со есенцијални минерали, витамини и масти, за разлика од вторите.



Билното масло и маслото од семки е здраво

Сè она што е рафинирано и било подложено на голема обработка е нездраво. Истото може да се каже и за маслото од семки, билното масло и маргаринот, со кои готвите. Овие производи се нудат како еден од начините да го намалите ризикот од појава на шеќерна болест. Се нудат како поздрава варијанта на полномасните масла, но факт е дека можат да ги предизвикаат проблемите кои би требало да ги решаваат.

Истражувањата покажуваат дека ризикот од срцеви заболувања срцето се зголемува заради високо ниво на полимезаситени масти, како што е омега-6.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби