8 намирници кои гарантираат совршено здравје

Сите нутриционисти се согласуваат за една работа – треба да јадеме што повеќе овошје и зеленчук. Но, следните осум намирници задолжително треба да ги воведете во секојдневната исхрана, бидејќи истражувањата покажуваат дека се неверојатно здрави.

Спанаќ



Спанаќот е одличен за изградба на мускулното ткиво и е богат извор на омега 3 масни киселини и фолна киселина, кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и остеопороза. Фолната киселина го зголемува и протокот на крв во пределот на гениталиите, со што помага да се заштитиме од сексуални проблеми во зрелата доба од животот. Спанаќот е богат и со лутеин, соединение кое ја спречува макуларната дегенерација, но и ја поттикнува сексуалната желба.

Нутриционистите препорачуваат консумација на 200 грама спанаќ дневно.

Јогурт



Јогуртот содржи милиони пробиотици кои се природна поддршка на добрите бактерии кои се наоѓаат во нашиот организам. На тој начин доаѓа до подобрување на имунолошкиот систем.

Не дозволувајте да помине ниту еден ден без да се напиете по една чаша јогурт.

Домати



Доматите се богати со антиоксиданси и ликопен, а нив термичката обработка не им ја намалува хранливата вредност. Имено, на тој начин телото полесно го апсорбира ликопенот. Студиите покажуваат дека исхраната богата со ликопен е добра за намалување на ризикот од рак на мочниот меур, белите дробови, простатата, кожата и желудникот, а се намалува и ризикот од коронарна артериска болест.

Треба да внесувате по 22 грама ликопен на ден, што е приближно една чаша сок од домати или осум чери доматчиња.

Моркови



Овошјето и зеленчукот со црвена, жолта и портокалова боја изобилува со картеноид, соединение кое ги раствора мастите и кое се поврзува со намалување на ризикот од голем број видови на рак. Покрај тоа, картеноидот намалува разни воспаленија, како што се астмата и ревматоидниот артритис. Морковите можете да ги јадете свежи, варени или печени, а одличната вест е тоа што се исклучително сиромашни со калории.

Дневно консумирајте по околу 200 грама моркови.

Боровинки



Боровинките содржат голем број на антиоксиданси, благодарение на кои го спречуваат развојот на рак и дијабетес, а ја забавуваат и загубата на меморијата во подоцнежната животна доба. Студиите покажуваат дека овие бобинки, кои се богати со растителни влакна и витамините А и Ц, го подобруваат и кардиоваскуларното здравје.

Дневно консумирајте по 200 грама свежи, или 100 грама замрзнати или сушени боровинки.

Црн грав



Сите видови на грав се здрави, но ниту еден вид не е толку добар за мозокот колку црниот грав. Тоа се должи на неговата содржина на антоцијан, антиоксиданс кој го подобрува функционирањето на мозокот.

100 грама црн грав ќе ве обезбеди со 8 грама протеини и 7,5 грама влакна. Покрај тоа, гравот содржи многу малку калории и воопшто нема заситени масти.

Ореви



Во оревите има поголема концентрација на омега 3 масни киселини отколку во лососот и тие се полни со полифеноли кои делуваат против запаленија, а содржат и голема количина на протеини. Сите други јаткасти овошја соджат само една или две од овие состојки, за разлика од оревите, кои ги содржат сите три.

Една порција ореви, околу 30 грама, е добредојдена во секоја доба од денот, а особено како ужина после вежбање.

Овес



Овесот е полн со растворливи влакна, кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања. Оваа житарка содржи и јаглени хидрати, но ослободувањето на овие шеќери се одвива забавено заради влакната.

Порција од 100 грама, колку што дневно би требало да консумирате, содржи 10 грама протеини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби