5 тајни за совршено кремасто пире од компири

Пирето од компири е вкусен прилог кој идеално го надополнува доброто парче месо во чинијата, а одговара на секоја сезона. Но, многумина веруваат дека совршено кремастото и нежно пире е невозможно да се направи дома. Во желба да ги избегнеме грутчињата правиме грешки кои всушност ни создаваат уште поголеми проблеми. Еве каде најчесто грешиме:



Добро изберете ги компирите

Грешка: Пирето го правите од компирите кои ќе ви се најдат при рака. Дали се млади или стари, бели или црвени, тоа вам ви е сосема сеедно.

Решение: За подготовка на пирето од компири потребни ви се плодови со висок процент на скроб. Тоа се т.н. брашнасти компири, кои се идеални за гмечење.

Компирите исечкајте ги на коцки

Грешка: Компирот го варите со лушпа или целите излупени плодови ги ставате во зовриената вода. За така да се сварат компирите, потребно ќе ви биде време од минимум час и пол, па најчесто на сред готвење ќе ги изгубите нервите или нема термички до крај да ги обработите плодовите.

Решение: Излупете ги компирите и иечкајте ги на коцки од приближно иста големина, па ставете ги во тенџере со ладна посолена вода за сите парчиња да се сварат истовремено. Тргнете ги од оган пред да стигнат до точка на распаѓање.



Рачно гмечете ги компирите

Грешка: Мислите дека недоволно сварениот компир ќе се претвори во мазна смеса со помош на блендер. Но, тоа е најлошата работа што можете да ја направите бидејќи блендерот ќе го претвори компирот во леплива смеса, која не е пријатна ни за гледање ни за јадење.

Решение: Исцедете ги компирите од водата и вратете ги во врелото тенџере во кое се вареле. На слаб оган дехидрирајте го компирот од остатокот од влажноста, па почнете лесно да ја мешате и гмечите смесата. Потоа со помош на гмечалка за пире, направете хомогна смеса без грутчиња.

Бидете дарежливи со млекото

Грешка: Многумина не сакаат водлесто пире, па при подготвоката додаваат минимална количина на млеко.

Решение: Загрејте поголема количина на млеко (околу 200-300 мл – во зависност од количината која ја подготвувате) и прелијте го преку компирите. На тивок оган нежно мешајте ја смесата додека сите состојки не се изедначат, добивајќи ја соодветната текстура. Не грижете се, компирот ќе ја випе секоја вишок капка млеко.



Додадете зачини

Грешка: Добиеното пире од компири има многу неутрален и водлест вкус.

Решение: Немојте да се плашите пирето од компир добро да го посолоте, а слободно додадете и некои други зачини, како исечкан магдонос или млад лук. Завршете ја подготовката со додавање парче мек путер кој ќе го подобри вкусот на вашето пире.

Погледнете како се подготвува совршеното кремасто пире во следното видео:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби