Необични и неодоливи рецепти за пица

Сигурно и вие спаѓате во обожавателите на ова неодоливо италијанско јадење. Во прилог ви претставуваме неколку лесни рецепти кои ќе ве воодушеват!

БРЗА ПИЦА

Потребни состојки: 1 шолја кисела павлака, 1,5 шолји брашно, 1 лажичка прашок за печиво, кечап, шунка, кашкавал.

Подготовка: Помешајте ги брашното и прашокот за печиво, додадете ја павлаката и замесете го тестото. Доколку премногу се лепи, додадете уште малку брашно. Месете околу 5 минути па веднаш ставете го во подмачкано тавче, премачкајте го со малку масло и додадете кечап, шунка, кашкавал и останатите состојки кои ги сакате на пицата. Печете на 220 степени 10-12 минути.

ПИЦЕТИ СО ДОМАТИ



Потребни состојки - тесто: 250 гр бело брашно, 200 гр интегрално брашно, 4 лажици маслиново масло, 3 дл сок од домати, сол, квасец.

Фил: сос од домати, 3 помали домати, 150 гр рендано моцарела сирење, оригано, маслинки.

Подготовка:

Сите состојки за тестото ставете ги во подлабок сад и замесете го тестото со сок од домати, така што треба да ви излезе меко. Оставете го да се подигне. Доматите и маслинките исечкајте ги на тенки кругчиња. Кога тестото ќе се подигне, премесете го уште еднаш и премачкајте го со маслиново масло да не ви се лепи за рацете и подлогата. Така, премачкано со масло, развлечете го и со чаша направете мали пицети. Извалкајте ги пицетите во брашно и од двете страни и наредете ги во тавче, па секоја премачкајте ја малку со сос од домати и одозгора ставете по едно кругче домат. Така подготвено ставете ги во рерна да се печат на 200 степени. Кога ќе бидат доволно испечени, извадете ги од рерната, попрскајте ги со оригано и на секоја пицета ставете по малку рендана моцарела и маслинки, па вратете ги накратко во рерната, колку да се растопи сирењето.

ПИЦА СЕНДВИЧ

Потребни состојки - тесто: 2 дл вода, 1 лажица масло, ¼ мала коцка квасец, малку сол, брашно колку што е потребно да добиете помеко тесто.

Фил: 2 дл кисела павлака, 100 гр шунка, 200 гр маринирани шампињони или свежи, но малку запржени, 150 гр рендан кашкавал или сирење, сос за пица, оригано.

Подготовка:

Состојките за тесто измесете ги еден ден порано за да добиете меко тесто, па потоа оставете го да порасне преку ноќ во фрижидер. Наредниот ден поделете го тестото на два дела и од нив направете две топки, па повторно вратете ги во фрижидер да пораснат уште малку. Потоа секоја развлечете ја во круг во големина на голема чинија, па ставете ги еден врз друг во тавче кое претходно сте го попрскале со брашно. Тавчето ставете го во рерна загреана загреана на 220 степени и печете додека не се подуе, а потоа веднаш извадете го и со нож одвојте го горниот дел од тестото. Тестото треба да биде бледо, за подоцна да не се препече. Долниот дел од тестото премачкајте го со сос за пица, а одозгора ставете ги павлаката , парчињата шунка, печурките и кашкавалот. Притиснете ги добро со отсечениот горен дел од тестото за и тој да се натопи за време на печењето и да биде мек. Печете додека сирењето не се истопи, а потоа исечете и послужете.

ПЧЕНКАРНИ ПИЦЕТИ

Потребни состојки - тесто: 600 гр пченкарно брашно, 400 гр пченично брашно, 1 свеж квасец, малку шеќер, 1 лажица сол, 1 дл маслиново масло, 6 дл млеко.

Фил: шунка, сирење, оригано, кечап, маслинки, шампињони.

Подготовка:

Пченкарното брашно прелијте го со 4 дл врело млеко. Во мала количина на млако млеко изматете ги квасецот и шеќерот и оставете го да нарасне. Останатите состојки измешајте ги со двата вида на брашно. Додадете го нараснатиот квасец и измесете го тестото. Покријте го и оставете го на топло за да нарасне. Растегнете го тестото рамномерно и направете кругчиња со помош на чаша или калап. Наредете ги кругчињата на тавче обложено со хартија за печење, премачкајте ги со кечап и попрскајте ги со оригано. Ставете лист шунка, малку исечкани маслинки, тенко исечени шампињони и завршете со изронето сирење . Печете на кратко на 180-200 степени. Пред послужување додадете уште малку кечап по желба.

ПАНЦЕРОТИ



Потребни состојки - тесто: 400 гр брашно, 2 дл млеко, 1 дл масло, 1 коцка квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол.

Фил: 200 гр шунка, 100 гр сланина, 200 гр кечап, 150 гр кашкавал, 100 гр кисели краставички, оригано.

Подготовка:

Потопете го квасецот со шеќерот во малку млеко. Замесете го тестото па поделете го на 10 топчиња. Со сукало развлечете го тестото во големина на мала чинија. Ставете кечап во средината, малку оригано, ситно исечкана шунка и рендан кашкавал. Преклопете го на половина и краевите притиснете ги со виљушка да се залепат. Подмачкајте го тавчето, наредете ги панцеротите и ставете ги во рерна загреана на 200 степени, да се печат околу 20 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби