Розови и вкусни: Англиски колачиња со „весела“ глазура

Англичаните си гo сакаат чајот и колачите кои се служат со него. Тоа е неоспорно. Поради таа љубов кон слатките, колачите и бисквитите кои ги пијат во времето за чај, тие секоја година стануваат поиновативни во подготвувањето на истите. 

Ви претставуваме одличен рецепт за брзи, вкусни и колоритни колачи кои ќе ги обожаваат не само децата, туку и возрасните.

Состојки:

За колачите:

  • 3 шолји брашно
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • ½ шолја путер на собна температура
  • 1 шолја шеќер
  • 2 јајца на собна температура
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • ¼ шолја слатка павлака


За глазурата:

  • ½ шолја омекнат путер на собна температура
  • 3 шолји шеќер во прав
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • Млеко по потреба за конзистентноста која сакате да ја добиете од глазурата
  • Боја за колачи
  • Трошки во боја

Смесата е доволна за 25 колачи

Инструкции за подготвување на колачите:

Во еден сат измешајте ги брашното и прашокот за печиво, а во друг со миксер изматете ги путерот и шеќерот додека не стане смесата пенеста и лесна. Во садот со путерот додадете ги јајцата едно по едно и миксајте додека не се соединат со смесата, а за крај додадете ги ванилата и слатката павлака па добро измиксајте повторно.

На крај додадете го брашното и прашокот за печиво од првиот сад и добро измешајте. Тестото кое ќе го добиете ќе биде многу лепливо, па за подобро да се расука ставете го во целофан, па во фрижидер неколку часа (дури и преку ноќ ако можете), но ако не можете подолго време да го држите во фрижидер, тогаш оставете го во фрижидер за длабоко замрзнување околу 1 час.

Откако ќе бидете подготвени за расукување, набрашнете ја масата и расукајте го тестото со дебелина од половина сантиметар и со калап (а ако немате тркалезен калап, послужете се со чаша) извадете тркалезни колачи и ставете ги во тавче обложено со хартија за печење.

Печете ги колачите на 220 степени целзиусови 6-7 минути. Важно е да не ги печете повеќе од тоа, и покрај тоа што ќе изгледаат бели одозгора а заруменети од рабовите, тие ќе бидат совршено испечени со текстура како бисквити.

Извадете ги од рерната и оставете добро да се изладат.

Инструкции за подготвување на глазурата:

Изматете го путерот и шеќерот во прав и лажица по лажица додавајте од млекото додека не ја добите посакуваната текстура на глаузрата. Нека не биде премногу течна и не премногу цврста бидејќи нема да можете да ја размачкате врз колачите и во двата случаи. На крај додадете ја бојата за колачите која ќе ја одберете. Можете да ја поделите глазурата на повеќе дела и да експериментирате со повеќе бои. Розе, сина, зелена, жолта... Изборот е ваш.

Премачкајте ги оладените колачиња со готовата глазура и ставете трошки во боја одозгора.

Bon appétit !!!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби