Пикантно уживање: Мексиканска салата

Пикантна салата која ќе ви ги освои сите ваши сетила, а ќе ве привлече и со нејзиниот изглед.

Потребни состојки:

  • 1 конзерва црвен грав
  • 1 конзерва пченка
  • 2 главици кромид
  • 1 главица зелена салата
  • 1 лажица мед
  • сок од 1 лимон
  • 1 лута пиперка
  • 1 црвена блага пиперка
  • малку масло
  • сол

Подготовка

Исцедете ги гравот и пченката. Исечете го кромидот на кругови, а салатата на ленти.

Сите состојки соединете ги во еден сад. За прелив измешајте го лимоновиот сок со малку масло, посолете по ваш вкус, а потоа додадете ги медот и исецканата пиперка.

Посипете го преливот преку салатата и послужете со лесно главно јадење, како тестенини или пак пилешко месо. Оваа мексиканска салата можете да ја јадете и како засебен оброк. По желба, за време на подготовката можете да додадете и црвена пиперка и друг зеленчук по желба. Секако, доколку сакате салатата да ја направите покалорична додадете на крај и мајонез.

Пријатен апетит!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби