Забранети намирници за пред спиење

Доколку јадете непосредно пред да си легнете, голема е веројатноста дека ќе се здебелите, а можете и серизоно да го оштетите ткивото на грлото и хранопроводот заради киселината која ви се враќа од желудникот. Затоа, вечерајте најдоцна три часа пред да легнете да спиете. Доколку веќе мора нешто да изедете или испиете, барем избегнувајте ги следниве намирници:

Алкохол



Алкохолот ги опушта вентилите кои ги повруваат стомакот и хранопроводот, а кога тоа ќе се случи, телото не е способно да ја задржи храната во стомакот. Доколку сте пиеле алкохол пре спиење, може да се случи киселината од желудникот да ви се искачи до устата.

Газирани сокови



Газираните сокови се најлоши, кога станува збор за желудочната киселина. Киселината која ја предизвикуваат може да ги оштети вентилите помеѓу желудникот и хранопроводот, а карбонизацијата го зголемува стомачниот притисок.

Сирење



Сирењето е полно со масти, но доколку не можете да се воздржите од неговата консумација, земете барем пармезан, кој предизвикува помалку киселини, за разлика од помеките видови на сирење, како што се фетата и моцарелата.

Јаткасто овошје



Кога се работи за гастроезофагеалниот рефлукс, мастите се масти, без разлика дали се заситени или незаситени. Затоа, најдобро е да го избегнувате јаткастото овошје пред спиење.

Цитруси или друг вид кисело овошје



Секој знае дека цитрусите се многу кисели. Сокот од портокал, или пак, од зелено јаболко, е многу лош избор пред спиење.

Кафе



Не само што предизвикува киселина во желудникот, туку кафето содржи и кофеин, кој дополнително го потткнува производството на киселина. Доколку баш морате, пијте кафе без кофеин, бидејќи истото има пониско ниво на киселост.

Чоколадо



Чоколадото е преполно со масти, а и тоа исто така ги опушта вентилите помеѓу стомакот и хранопроводот. Неко видови на чоколадо содржат и кофеин, кој како што напоменавме, не е добар избор за пред спиење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби