Појадок за секунда: 3 начини за јајца во микробранова

Јајцата се еден од најчестите избори за појадок, кој ќе го нахрани телото со потребните состојки за претстојниот ден. Но, не секогаш сме расположени за пржење и валкање на тавчињата.

Во таквите моменти, микробрановата печка може одлично да ви послужи. Затоа, погледнете ги овие три неверојатно брзи и едноставни начини да го подготвите вашиот омилен појадок.

Кајгана



Подмачкајте го керамичкиот сад со малку масло и во него ставете го јајцето. Изматете го со виљушка и додадете сè што вообичаено ставате во кајгана. Бидете креативни – кашкавал, шунка, лук, оригано, печурки, кисели краставички, спанаќ... Потоа посолете сè и добро измешајте, па ставете го садот во микробрановата печка на најсилно, на една минута. Извадете го садот, повторно промешајте, па вратете го на уште 30 секунди. Вашиот појадок е подготвен!

На око



Јајцето на око во микробрановата се подготвува во чинија која мора да биде загреана. Затоа, прво ставете ја само чинијата на 2 минути во микробрановата, потоа извадете ја внимателно, премачкајте ја со путер и скршете го внатре јајцето. Дупнете ја жолчката со врвот на ножот, за да не експлодира во микробрановата печка. Печете 45 секунди, а доколку белката сè уште не е готова, продолжете уште 15-тина секунди.

Поширано



Знаете ли дека најлесниот начин да подготвите поширано јајце е токму во микробрановата печка? Наполнете стаклена чинија со вода и внатре скршете едно јајце. Покријте ја чинијата со друга и така ставете ја во микробрановата печка на една минута. Проверете дали е готово – белката би требало приближно или во потполност да ја покрие жолчката. Доколку не е готово, оставете го во микробрановата уште 10 секунди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби