Рецепт: Брзо и лесно до совршени домашни бајадери

Мелените бисквити им даваат на колачите посебен вкус, а таквите вкусни благи залци се вистинскиот спас кога  ненадејно ќе ви се најават гости, бидејќи се прават едноставно, а се навистина неодоливи.

Ви претставуваме неколку брзи рецепти:

ДОМАШНИ БАЈАДЕРИ



Потребни состојки:

  • Темен слој: 200 мл вода, 300 гр шеќер, 125 гр путер, 500 гр мелени биксвити
  • Светол слој: 100 мл вода, 200 гр шеќер, 125 гр путер, 200 гр млеко во прав, 100 гр кокос

Подготовка:

За да го подготвите темниот слој, водата, шеќерот и путерот мешајте ги на оган додека не се растопат и не дојдат до точка на вриење, а потоа додадете ги и мелените бисквити. За светлиот слој сварете ги водата, шеќерот и путерот. Тргнете ги од оган и во нив додадете го млекото во прав. Промешајте и потоа додадете го кокосот. Кога ќе се оладат, премачкајте го светлиот слој врз темниот во еден сад и ставете го колачот во фрижидер да се стегне. Потоа исечете го на помали коцкички и послужете.

БОМБИЦИ СО КАФЕ И БЕЛО ЧОКОЛАДО



Потребни состојки:

  • 1 шолја сварено кафе
  • 250 гр мелени бисквити
  • 250 гр кокос
  • 250 гр шеќер
  • 200 гр бело чоколадо
  • 100 гр црно чоколадо
  • 5 лажици масло

Подготовка:

Добро замесете ги сите состојки (освен белото и црно чоколадо) со шолјата сварено кафе. Од смесата направете топчиња, па оставете ги да отстојат еден ден за да се стврднат и исушат, а потоа потопете ги во растопеното бело чоколадо. Оставете ги малку во фрижидер да се оладат. Растопете го црното чоколадо на пареа со маслото, па кога смесата малку ќе се подолади, ишарајте ги топчињата одозгора.

ЧОКОЛАДНИ ТОПЧИЊА СО РУМ

Потребни состојки:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 6 лажици рум
  • 100 гр чоколадо

За глазурата:

  • 150 гр чоколадо
  • 7 лажици масло

Подготовка:

Замесете го маргаринот со шеќерот во прав, па постепено додавајте ги мелените бисквити, па румот и растопеното чоколадо. Добро измешајте ги состојките. Од добиената смеса формирајте топчиња и оставете ги да отстојат за да се стегнат. Подгответе ја глазурата топејќи го чоколадото со маслото, а потоа прелијте го секое топче со неа. Оставете ги да се стегне чоколадото, а пред служење ставете ги во хартиени корпички.

ПЛАЗМА ТОПЧИЊА СО КИКИРИКИ



Потребни состојки:

  • 300 гр шеќер
  • 100 мл вода
  • 125 гр маргарин
  • 200 гр мелени бисквити
  • 200 гр мелени печени кикирики

За глазурата:

  • 100 гр чоколадо
  • 20 гр маргарин
  • 3 лажици масло
  • 200 гр ситно исечкани кикирики

Подготовка:

Во еден сад загрејте ги шеќерот и водата и додадете го маргаринот. Кога маргаринот ќе се растопи, додадете ги мелените бисквити и кикирики. Оставете ја смесата да се олади, па од неа направете топчиња. Во друг сад растопете ги чоколадото, маргаринот и маслото. Потопете ги топчињата во глазурата, а потоа извалкајте ги во ситно исечканите кикирики. Пред сервирање, оставете ги да се оладат во фрижидер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби