Совршен леден десерт: Ледени коцки

Температурите кои се повеќе сè намалуваат, можеби ве спречуваат да уживате во сладоледот, но ние имаме одличен предлог за вас. Зошто да не ги испробате ледените коцки, кои веруваме ќе ви станат омилен десерт? Нивната подготовка воопшто не е комплицирана, а задоволството кое ќе ви го пружаат нема да сакате да го замените со ништо друго.



Засукајте ги ракавите и да почнеме!

Потребни состојки:

Тесто:

  • 10 јајца
  • 10 лажици брашно
  • 10 лажици шеќер
  • 3 лажици какао
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 200 мл млеко
  • 4 лажици шеќер

Фил:

  • 1 литар млеко
  • 12 лажици брашно/густин
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 18 лажици шеќер
  • 2 парчиња маргарин

Глазура:

  • 100 гр чоколадо за готвење
  • малку масло

Одвојте ги белките и жолчките, па со миксерот добро изматете ги жолчките со шеќерот и додадете 10 лажици брашно, прашок за печиво и какао, а потоа измешајте ги со смесата од изматени белки. Добиеното тесто ставете го во тавче, кое претходно сте го намачкале со масло и сте го попрскале со малку брашно. Печете на температура од 180 степени околу 15-20 минути.

Додека тестото се пече, ставете 200 мл млеко да зоврие со 4 лажици шеќер, па готовото тесто веднаш прелијте го со млекото штом го извадите од рерна за да биде сочно, а потоа оставете го малку да се олади.

Ставете го литрото млеко во тенџерче, заедно со 18 лажици шеќер и 2 кесички ванилин шеќер и ставете го на рингла за да зоврие. Кога ќе дојде до точка на вриење, додадете 12 лажици брашно или густин (кој претходно сме го изматиле со малку ладно млеко) и вариме додека смесата не се згусне. Кога филот ќе се олади, со мискер во него изматете два маргарина, па потоа со него премачкајте го тестото рамномерно.

Чоколадна глазура ќе подготвите на тој начин што чоколадото ќе го растопите со додавање на малку масло. Добиената глазура прелијте ја врз филот. Колачот оставете го во фрижидер неколку часа, за да се олади и стегне. Колачот исечете го на коцки и служете го ладен. Уживајте!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби