Најлошата храна која редовно ја консумирате

Доколку сакате да го сочувате вашето здравје и да го изгубите вишокот килограми, треба да избегнувате одредени намирници, но веројатно не го правите тоа бидејќи тие спаѓаат во категоријата на најчесто употребувани. Еве кои се тие:

Месни преработки



Месните преработки изобилуваат со калории, масти и натриум. Редовната консумација на месни преработки, што значи неколку пати неделно, го зголемува ризикот од проблем со прекумерна тежина, дијабетес, срцеви заболувања и рак.

Обезмастена храна



Во последните години полиците во продавниците се наполнија со производи на кои е истакнато дека имаат низок процент на масти, а луѓето кои ги консумираат стануваат сè подебели. Како е тоа возможно? Немасната храна е полна со транс-масти кои се лоши за срцето и го зголемуваат холестеролот. Загубата на вкус во таквата храна се компензира со високи количини на шеќер и натриум. Тоа е лошо за секого.

Мајонез



Никој не се залажува дека мајонезот е здрав, но повеќето не сфаќаат колку всушност е штетен. Една лажица мајонез содржи 90 калории, 10 грама масти и 90 милиграми натриум. Доколку не можете да се откажете од мајонезот, би требало да го консумирате во многу мали количини.

Замрзнати готови јадења



Американците сакаат практичност и заради тоа замрзнатите јадења кои се нудат во продавниците се вистински хит за нив. Додека некои произведувачи се имаат обидено да создадат поздрави варијанти, повеќето готови замрзнати јадења се полни со калории и натриум.

Маргарин



Многу луѓе го избираат маргаринот бидејќи сметаат дека е поздрава алтернатива од масниот путер. Но, маргаринот е полн со транс масти за кои веќе напоменавме дека предизвикуваат рак, дијабетес, срцеви заболувања и сл.

Газирани пијалаци



Доколку сакате да ослабете, меѓу првите работи кои треба да ги елиминирате се газираните пијалаци. Покрај тоа што дебелеат, газираните сокови често се поврзуваат со оштетување на бубрезите, рак, срцеви болести и дијабетес. Диеталните газирани пијалаци се исто така нездрави, а се поврзуваат и со зголемен ризик од мозочен удар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби